ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Нема селекција во борбата против корупцијата и криминалот, сите случаи и афери кои се појавуваат ги процесуираме

November 13, 2020 22:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот веќе важи за сите и ниту еден нема да биде амнестиран од одговорност за криминал и корупција, макар и да припаѓа на СДСМ, порача заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во вечерашната емисија „Трилинг“, на телевизија 24. Вицепремиерот Николовски потенцираше дека нема селекција во борбата против корупцијата и криминалот и најважно е да се испорача правда.

„Граѓаните направија за разлика од порано, дека сите случаи и афери кои се појавуваат ние ги процесуираме. Да потсетам дека претходно се беше поклопено од власта, и судството, и медиумите, и бевме меѓународно изолирана држава. Сега сме отворени, институциите започнаа да решаваат предмети, очекуваме завршница на сите предмети во кои има незаконити дејствија. За кој било случај и предмет очекуваме завршница, институциите да ја испорачаат правдата и така да ја вратиме довербата во нив. Затоа велам дека нема селективност, не знам за селективност. Веќе збориме дека законот важи за сите и очекуваме брза испорака на правда. Ваквата поставеност на системот мора да даде резултати, да оствари успех “, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

При тоа, Николовски посочи дека неговата улога е да ги координира извршните тела, конкретно органите, министерствата, институциите, сето она што е под извршната власт без тенденција  да се меша во работата на судската власт.

Во однос на изборот на директори, вицепремиерот Николовски посочи дека дека веќе има активни огласи и се поставуваат стручни директори.

„Тие огласи се со дефинирани критериуми, услови, како и вештини на кандидатите, но задолжително мора да имаат и програма како ќе ја развиваат институцијата за која конкурираат. Ова сега се времени вршители на должноста, не се официјални директори. Таму каде што има огласи бараме кредибилност на кандидатите, ако сакаме да има напредок“, изјави вицепремиерот Николовски.

Во однос на нови вработувања во институции, Николовски посочи дека новата Влада има седум министри помалку, но дека  онаму каде што мора да има вработувања, во оние институции кои треба кадровски да се јакнат, тоа ќе се спроведе.

​„Инспекторатите мораме да ги јакнеме, немаме доволно кадар. Имаме само еден инспектор за спорт, а имаме толку клубови. Јавното обвинителство има еден ИТ инженер, а сакаме дигитализација на јавните обвинителства. Целата погрешна политика на вработувања мораме да ја поправиме ако сакаме резултати и враќање на довербата во институциите“, изјави вицепремиерот Николовски.

Next Post

Николовски: Инспекторите од ДПИ се многу важни во спречување на ширењето на ковид, вечерва имав чест да ги запознаам

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk