ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Феријалната пракса е клучна за квалитетно стручно образование

November 14, 2020 10:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Феријалната пракса е клучна за да може средното стручно образование да има квалитет. Дадовме можност сите училишта кои поради пандемијата не можеа да ја спроведат, да најдат креативни начини праксата да ja реализираат до јуни наредната година, рече министерската за образование и наука Мила Царовска при работната посета на средното општинско училиште „Цар Самоил“ во Ресен.

„Ова училиште е едно од ретките што и во пандемија спроведе феријална пракса без никаков проблем, заради тоа што имаат сопствени посеви, коишто денеска ги посетив. Имаат механизација и целиот процес од растење до берба на јаболката го спроведуваат учениците, со поддршка на нивните професори, коишто се експерти во областите коишто ги покриваат. Навистина е убаво да се види кога самите средни училишта живеат со струката што ја предаваат и директно ги остручуваат учениците со знаења коишто се потребни на пазарот на труд понатаму“, изјави Царовска.

Таа нагласи дека Министерството ги мотивира и другите училишта да ја спроведат феријалната пракса, затоа што без неа не може да зборуваме за квалитетно стручно образование.

Средните стручни училишта треба до крајот на јуни да ја реализираат феријалната практика и учењето преку работа кај работодавач за учебната 2019/2020 година, што беше пролонгирана поради пандемијата. Потоа, во јули и август треба да се реализира феријалната практика за тековната учебна година.

Феријална пракса изведуваат над 24 илјади ученици во 75 средни стручни училишта.

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски рече дека нема поголеми проблеми во одвивањето на образовниот процес во општината. Со средства на локалната самоуправа обезбедени се и таблети за учениците од социјално ранливи семејства, со цел непречено одвивање на онлајн наставата.

Next Post

Заев: Направивме пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и наместо несигурни, сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk