ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Добрата соработка со Руската Федерација продолжува во сите сегменти од надлежност на МТСП

November 16, 2020 16:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин, со кој разговараше за предизвиците во време на  пандемија на КОВИД-19 со која човештвото се соочува и тешките услови за економијата кои таа ги предизвикува, соопшти МТСП.

Притоа, министерката Шахпаска ги посочила мерките и напорите кои Владата и МТСП ги спроведуваат со цел минимизирање на негативните последици врз граѓаните и компаниите.

-Кризата со пандемијата беше неочекувана за сите нас, таа предизвика здравствена криза и криза на економиите во целиот свет и сега е најважно да се заложиме за сочувување на секое работно место и да помогнеме на сите граѓани, особено на оние најранливите кои се во социјален ризик. Заедно со мојот тим секојдневно дискутираме околу можностите колку што е можно повеќе да обезбедиме пристојни услови за живот и за децата кои потекнуваат од семејства од социјален ризик, рекла на средбата министерката за труд и социјална политика.

Шахпаска го запознала амбасадорот Баздникин и со новите закони и предлог законски решенија, кои се во собраниска процедура.

-Овие законски решенија се многу значајни заради доближување до граѓанскиот сектор, како што се Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Закон за спречување и заштита од дискриминација, како и Законот за работни односи на кои работатат работните групи и кој претставува конкретно адресирање на проблемите за кои долги години наназад се бараше решение од областа на трудот и работните односи, истакнала Шахпаска.

Таа додала и дека во моментов се работи на подготвување и уредување на законската рамка на предлогот на Владата на РСМ  денот недела да биде прогласен за неработен ден за што, како што потенцирала, обезбедуваат општествено широка дебата, која ќе ги условува потребите кои се одраз на денешницата и ќе бидат во согласност со решенијата и позитивните практики утврдени од страна на Меѓународната организација на трудот.

На средбата министерката Шахпаска и амбасадорот Баздникин изразиле отвореност за соработка и надеж дека таа ќе допринесе што повеќе во интерес на сите.​

Next Post

Османи: Нашето општество е пример за мултиетничка демократија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk