Кандидидатот за градоначалник на СДСМ за предвремените локални избори во Штип, актуелен пратеник Д-р Сашко Николов при денешното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на регионалната Тв Стар , зборуваше за важноста на локалните избори во Штип и одлуката политичката партија ВМРО ДПМНЕ да не учествуваат на овие избори со свој кандидат.
„Раководството на ВМРО ДПМНЕ е раководство на партија која нема никаков став по ниту едно прашање. Јас искрено очекував силна битка за град Штип, но безидејното раководство на ВМРО ДПМНЕ повторно настапи анемично. Бараа предвремени парламентарни избори, ги добија, па бегаа од нив… Бараа да бидат во септември, октомври, еве што се случува во септември. Збореа цело време како се загрижени за здравјето на граѓаните, за веднаш по формирањето на владата да започнат со протести по улиците на градовите, без никакво почитување на мерките, без носење на маски,без социјална дистанца. И тогаш наеднаш здравјето на граѓаните не им беше приоритет, зошто протестите им беа побитни. На 23 октомври лидерот на оваа партија токму од Штип, кажа дека ВМРО ДПМНЕ на овие локални избори ќе излезе со најсилниот кандидат и ќе победи. А кога СДСМ го исфрли својот кандидат за овие предвремени избори истите плашејќи се за својата фотелја, панично побегнаа од избори. И изгубија на овие избори пред воопшто да почнат.“ истакна Николов
С.М.Ж







