пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
„Македонија никогаш не Ве заслужи, ни знаењето, ни времето, ни посветеноста!“, ќе пише коментар на најновиот пост на Грујо, негова верна обожавателка.
И ми велат – а, бе, игнорирај. Тоа е една избегличка, криминална будала, која има на претек време, има на претек пари, има на претек и малоумни вазали што го величаат сè уште, кои му се поклонуваат на посветеноста на времето, има луѓе наши сограѓани кои веруваат дека ние Грујо не сме го заслужувале, како што вели погоре коментаторката на неговиот последен пост. Верувајте ми, колку и да ни се гледа невозможно, таа е убедена во тоа што го пишува. Но, нејсе, секој со своите маки.
Е, не можам да игнорирам!
Побегнатиот осуден криминалец и почесен претседател на ДПМНЕ, во неговото најново „јавление“, се осврнува најмногу на лажните вести.
Можете ли да замислите – креаторот на цел еден медиумски конгломерат за лажни вести, кој од позиција на премиер слеа стотици милиони за да ги корумпира медиумите, тој говори за лажни вести и дава примери, како бил медиумски шиканиран со лаги и невистини. Тоа е оној истиот Грујо што сите слушнавме како ги крои главните Вести на сите куртон медиуми како што милуваше Латас да каже за својата медиумска тајфа.
Ви се верува ли – оној кој ден после избори наредуваше брутални полициски апсења на политички противници и снимање на целиот тој настан, па ако тоа не го фатила добро камерата на ТВ куќата што требало да го сними настанот, полициските вазали го преповторуваа чинот на бруталноста, ете тој предупредува на местенки. Се сеќавате ли на апсењето на Љубе Бошковски? Тоа е истиот оној кој слушавме како наредува да му се врзат два-три шамари, ама јаки, на тогашниот градоначални на Центар, Жерновски.
Па предупредува на изборни манипулации, на изборен фалсификат.
Со сиот ум им праќа „ум“ на Мицковите и своите покорни наследници да бидат на готовс, да знаат да одговорат на како што вели претстојните изборни фалсификати помогнати од меѓународната заедница. Мицко и вазалите и тоа како уште си ги почитуваат наредбите од својот почесен претседател и, и тоа како уште си ги ползуваат и надградуваат будимпештанските медиумски визби и си ги хранат медиумските глувци. Се сеќавате ли на рафалите пласирани пред некој ден, за контактот на Заев со „чудовиштето“ Сорос, овој пат со синот од Сорос?
А, бе, тоа е оној истиот Грујо што во разработен изборен инженеринг напикуваше по 100 човечиња од Пустец на една адреса. Што циган по циган за уши ќе ги вадеше на избори. Што наредуваше да се расипуваат лифтови за да не можат изнемоштените возрасни лица да се симнат и да гласаат. Што на патарини сопираше полни автобуси со сипматизери од други партии и ги праќаше на вонреден технички преглед за да не стигнат на митинг. Тоа е онаа иста гнаса што повторно преку своите визбашки медиуми организираше контра-протести на секој легитимен протест.
Неговите директни вазали под негова команда слушавме како наредуваат да се отворат гласачките вреќи, да се штанцаат лични карти во Ресен во Центар, во Струмица… секаде каде што им било возможно, стотици лажни лични карти се штанцале на ден, како што можевме деновиве да слушнеме во сведочењата.
Тоа е онаа истата скапаница што кога бараше проценти провизии од Кинезите викаше „Миле, да не се претераме…“
И тој – онаков гад има лице да се јави, да начкрта неписмени реченици со емотикони и да обвинува за лажни вести, за корупција, за уцени и фалсификати. На крај (иако нема крај) – тој онаков-никаков олицетворението на корупцијата, е творецот на ова скапано криминално тефтер Сваровски судство кое сè уште функционира по истиот Грујов кодекс, тој таков има лице да се повикува дека му биле монтирани судски случаи.
И замислете ТОЈ повикува?!
Ти можеш да си ги повикуваш своите пајташи. Можеш да го повикуваш Мицко кој им го остави во наследство, на Илче кој крши прсти и превртува окице фатен во небрано на секоја дебата во која се појавил можеш да му солиш памет. Ти багро криминална можеш да го повикуваш Милошоски, гревот Ѓорчев Влаткич и на сите гревови кои на секое твое појавување ронеа солзи, тие и такви можеш да ги повикуваш… Но, на граѓаните што ги опљачка, на државата која институционално ја растргна по сите основи, на спокојот што со твоите верни пајташи ни украде цела деценија, ти на нас немаш право да се повикуваш и да нè повикуваш.
Ти скапаницо скапана на граѓаните и државата немаш право никогаш повеќе да се повикуваш. А, немаат право на тоа ни овие што ни ги насади за твои партиски наследници.
Со постирање од прекрасната Будимпешта, од приемите на кои си канет од Орбан и багра (кои очигледно страшно си ги задолжил), со пуштање на видео спотов за прекрасниот нов фудбалски стадион во Будимпешта, со сите тие смислени „подли“, не правиш ништо друго, туку нè обединуваш, нè потсетуваш на сите волеј удари што ни ги задаваше деценија и кусур – на волејот што создаде империја од медиуми со кои е можеби невозможно да се натпреваруваш во побивање на лажни вести, ама се бориме; на волејот од корупмираното судство од тевтерчето кое сè уште пушта криминалци на слобода, но со кое се бориме како грешни ѓаволи; на волејот од инфраструктурните промаршени и корумпирани проекти, со кои се мачиме но кои ќе ги исправиме…
Сите волеи ќе ти ги пречекаме на гради, затоа што овој народ што е тука се бори; затоа што овој народ знае да се сака меѓусебе. Затоа што овој народ памти и на бруката што ни ја остави и што никако не сака од тебе да се оттргне и огради, ќе и врати – мило за драго!
А, ти, ти ќе си останеш таков јаден, сам и напуштен од сите.
Со време овие гревови кои уште паѓаат во несвест на твоите „појавувања“ ќе ти завртат грб, овие сегашни твои продолжетоци – Мицковци, некогаш сакале-несакале ќе мора да се сменат одвнатре.
Ти, ќе останеш како некоја гнасна флека што ни се случила, за со своите гротесни појавувања на фејсбук нè потсетуваш одвреме на време на гротеската што никогаш не смее да ни се повтори.