– Пенчев: Бугарско национално предавство е да ја оставиш Македонија надвор од ЕУ, и за тоа со право треба да се обвинува Бугарија. Дали требаше да ги препознаат бугарските корени на јазикот и идентитетот? Молам?! Да признаат „корени“ – метафора?! Тоа е апсурдно! Како Борис Џонсон да се сети да тропне на маса и да побара од Белата куќа да ги препознае англиските корени на американскиот идентитет.
– Историчари од регионот со протест против злоупотребата на историјата во процесот на евроинтеграција на Македонија. Потписниците најавуваат дека протестот ќе биде испратен до Брисел и на други адреси.
-Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата.
-Преговорите со ЕУ за Северна Македонија да не станат преговори со Бугарија. Високи владини извори брифираат дека преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнувањето на европските стандарди.
-Захариева: Додека не добиеме правни гаранции од Скопје, не можеме да одобриме старт на преговорите.
-Поништувањето на аболицијата е уставно, Стразбур може да ги отфрли тужбите на обвинетите од СЈО.
– Симултанка со илустрациите од Кардула за „The Queene’s Gambit”.Фронтлајн разговараше (изигра кратка симултанка во 9 потези/илустрации) со македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула за неговиот серијал илустрации, посветени и инспирирани од ТВ серијата „The Queene’s Gambit”.