ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шпигел: Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во ЕУ

November 19, 2020 09:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Направивме многу изминатите три години во насока на нашиот напредок на патот на европската интеграција. Потпишавме Договор со Грција, го сменивме Уставот и името на државата. Исто така го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година. Со овие договори покажавме дека навистина можеме да се однесуваме со европски манири. И сега Бугарија се однесува спротивно на европските манири и бара од нас да се декларираме дека ние, Македонците имаме бугарски корени и дека нашиот јазик е западно-бугарски дијалект. Тоа не можеме да го прифатиме“ истакна премиерот Зоран Заев за германскиот весник „Шпигел“.

Весникот под наслов „Нација без дозвола на соседот“ објави напис во кој наведува дека Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но во континуитет нејзините соседни земји го блокираат почетокот на преговорите за членство. Најпрво земјата требаше да го смени името под притисок на Грција, сега за неа нови услови поставува Бугарија, потсетува весникот.

Во поднасловот „Дали Бугарија го злоупотребува правото на вето?“, весникот нагласува дека откако Унгарија и Полска ставија вето на буџетот на ЕУ, Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во Унијата.

-Бугарија прави преседан во политиката на проширување на ЕУ. Земјата гротескно го користи својот поглед на историјата како политичко оружје против соседната земја, нагласува „Шпигел“.

Весникот пишува дека Северна Македонија е држава со околу два милиони жители, која ги исполни сите технички услови за почеток на преговорите за влез во ЕУ, а во случајов станува збор за тоа како поединечни земји-членки го злоупотебуваат своето право на вето во интерес на домашните националистички кампањи. Притоа со таквите постапки, додава весникот, сериозно го нарушуваат кредибилитетот на ЕУ во регионот на Западен Балкан.

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Шпигел’“ изразува разочарување од бугарскиот став, кој го оценува како „апсурден и смешен“.

-Ние себе си се сметаме за Македонци. Нашиот јазик е кодифициран во 1945 година и е признат во ОН од 1977 година. Големо разочарување за нас е што нашите бугарски браќа, со кои имаме многу заеднички нешта, не блокираат на нашиот пат. Секако дека ние имаме право на сопствен национален идентитет, вели Заев.

Тој за „Шпигел“ нагласува дека можеби остатокот од Европа нема да го разбере овој спор, но напоменува дека тој содржи во себе „лоша и горчлива“ порака за иднината на Европа, бидејќи задира во фундаменталните европски вредности, како мултиетничноста и мултијазичноста.

Весникот потсетува дека Северна Македонија е официјално земја кандидат веќе 15 години.

Next Post

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со црната кампања против здравството и деструктивно однесување

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk