ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓоргиев: Бугарските барања се апсолутно неприфатливи за нас, дијалогот да продолжи

November 23, 2020 16:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, рече копретседавачот на македонскиот тим проф. Драги Ѓоргиев. во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија „Европа“.

Тој најави дека следниот состанок на заеднилката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.
-После блокадата од страна на Бугарија, овде се интензивираа негативните коментари за тоа. Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата, додаде Ѓоргиев.
Тој објаснува дека притисокот не е насочен само кон прекинување на работата на комисијата.
– Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност. Покрај тоа, тоа предизвикува радикалите да се обидат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, што ќе влијае на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, во ваква атмосфера ќе биде многу потешко да се разговара, коментира Ѓоргиев.
Терминот „заедничка историја“, посочува, е нешто со што македонските и бугарските историчари не се согласуваат во толкувањето.
– Според бугарската страна, историјата до 1944 година се однесува само на еден народ – Бугарите. Ова за нас е апсолутно неприфатливо бидејќи процесот на формирањето на современата македонската нација е нешто што е почнато порано и за тоа можеме да најдеме документи и личности кои се залагале за тоа. Не можеме да кажеме дека до 1944 година историјата е само на бугарскиот народ, ние исто така имаме своја историја, свои личности, култура што ни овозможува да ги бараме своите корени назад и ние имаме право на тоа и никој не може да ни ги одземе.Јас исто така не се согласувам со тоа, рече Ѓоргиев.
Според него, историскиот спор треба да продолжи да се дебатира на ниво на историчари, на академско ниво, и може и понатаму да остане нерешен и двете историографии да се расправаат за тоа, но тој не треба да влијае на политичките односи меѓу двете земји и да ги скара двата народа.
– Ние можеме да најдеме заеднички јазик. Нашата приказна е многу испреплетена, имаме многу заедничко и затоа барањето да се прифати само една нарација за одредено минато, само една вистина, не е најдобриот пат ние да се разбереме, рече копретседавачот на македонскиот тим од заедничката комисија за историски прашања.
Ѓоргиев потврди дека личноста на Гоце Делчев ќе продолжи да предизвикува полемики меѓу историчарите од обете страни, но вели дека Делчев покрај влијанието на неговиот светоглед од бугарскиот образовен контекст во кој се развива и идеите на бугарските револуционери, има и силен македонски политички идентитет.
-Тој е роден во Македонија, се бори за Македонија. Има силен македонски политички идентитет и сето тоа не може да го запоставиме. Затоа сметам дека во овој момент треба да бидеме флексибилни и умни, да го оставиме на страна прашањето чиј е Гоце Делчев. Тој  е силно вграден во меморијата и на бугарскиот и на македонскиот народ. Според тоа, можеме да го сметаме за херој кој може заеднички да го славиме и тука треба да најдеме решение, а дискусиите ќе продолжат понатаму, вели Ѓоргиев нагласувајќи дека не е работа на комисијата да донесе одлука за неговиот идентитет.
Next Post

Регистрирани 387 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 528 пациенти – починати се 35 лица

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk