ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата не сака онлајн седници за да предизвика криза со буџетот, а потоа да ја обвинува власта за неспособност

November 24, 2020 14:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постои ли реална причина ВМРО ДПМНЕ да се противи на обидот пратениците да продолжат со онлајн одржување на седниците?

Сите аргументи кои во јавноста ги нуди опозицијата не се сериозни или не се доволно силни, прво да ги уверат граѓаните, а потоа да го премислат владејачкото мнозинство во намерата преку онлајн седници да обезбедат поголемо присуство на пратениците, оти и тие не останаа имуни на Ковид 19.

Тоа дека пратениците немале компјутери дома е смешен и провокативен обид на ВМРО ДПМНЕ да не се соочи со реалната ситуација, како што избегнува соочување со здравствената криза и постојано наоѓа причини да не се вклучи во владините активности за справување со пандемијата, каква што би требала да биде една одговорна опозиција која мисли на јавното здравје.

Да замислиме една парламентарна седница онлајн. 120-те пратеници седнати дома пред лап топ со вклучена камера и аудио, сите собрани на една платформа која претходно ќе ја инсталираат и наместат стручни служби за да може непречено да функционира. Постои модератор/спикер кој ја води расправата и дава збор на сите пратеници кои се пријавиле затоа што таквата платформа има таква опција. Дополнително, седницата може да се снима. Гласањето може да се организира електронски или пак, ако постои некаков сомнеж кај некои пратенички групи, може да се одвива поединечно со изјаснување за или против. Освен што можеби побавно ќе се движи работата на парламентот, отколку во стандардните услови во сала, сепак не постои буквално ниту една причина да се оспорува онлајн одржувањето седници. Ниту еден пратеник нема да биде ускратен за дебата, ниту на еден пратеник нема да му пропадне гласот затоа што ќе гласа од далечина. Подобро парламентот да функционира побавно, отколку никако.

Покрај техничката можност за одржување онлајн седници со еднакво право на учевство во работата на сите пратеници, онлајн седниците претставуваат начин за заштита од ширење на корона вирусот. Со самото тоа што пратениците ќе работат од дома нема да имаат контакти, пред сè, меѓусебни, со што се намалува ризикот од пренесување на заразата. Дополнително, и оние пратеници кои во моментов се во изолација или се позитивни на Ковид 19, а не се хоспитализирани, ќе можат рамноправно да учевствуваат во собраниските активности. На овој начин може да се организираат и седниците на собраниските комисии и навистина да нема посериозен застој на парламентарните обврски.

И дали ВМРО ДПМНЕ навистина не ја сфаќа предноста на овој модел на одржување седници или глуми лудило?

Од една страна сите заштитени, од друга, парламентот непречено функционира. А непреченото функционирање значи и изгласување на Буџет за 2021 година, а во превод тоа значи пари за справување со здравствената и економската криза. Буџетот е на дневен ред деновиве. Секоја нормална опозиција би аргументирала на седница, онлајн, би дала предлози и конструктивно би учевствувала во расправата за на крајот сите да изгласаат буџет неопходен за спас од здравствено и економско пропаѓање на државата. Но, со ваквото однесување ВМРО ДПМНЕ првенствено покажува дека ќе прави опструкции само буџетот да не стигне на дневен ред. Сега се закануваат дека во иднина нема да обезбедуваат кворум за работа на владејачкото мнозинство, оти тоа само по себе нема мнозинство пратници за да одржува седници и да гласа.

На пример, сега за да се смени Деловникот за работа на парламентот, за да се воведе опцијата онлајн, неопходни се 61 глас, но власта нема толку пратеници затоа што неколкумина заради вирусот се спречени да присуствуваат на седници. Таквата ситуација сега ќе ја користи опозицијата, да нема кворум, да не се изгласаат измените во Деловникот, парламентот да остане да заседава со физичко присуство, власта да нема мнозинство, буџетот да остане неизгласан или одолговлекуван до последен момент на сметка на другите законски решенија кои периодов треба да се најдат на дневен ред.

Целата таа блокада на парламентот ќе влијае врз работата на сите институции, особено штетно ќе се одрази врз здравството, посебно кога се работи за пари. Таквата ситуација ВМРО ДПМНЕ ќе се обидува да ја престави како неспособност на владејачкото мнозинство и како пораз на власта во битката со пандемијата.

А реалноста е поинаква.

ВМРО ДПМНЕ со блокадите го парализира системот за потоа да обвини друг. Ова е далеку поизвесна теорија која би се криела зад обидот на ВМРО ДПМНЕ да нема онлајн седници, а не нивните изговори кои се далеку од памет.

Д. Е.

Next Post

Рокот за аплицирање за Четвртиот сет мерки во секторите туризам и угостителство продолжен до 4 декември

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk