ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Спасовски: Владата е тука да направи се за заштита на здравјето, ако почитуваме мерки нема полициски час

November 24, 2020 20:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на Сител телевизија зборуваше и за опцијата за воведување полициски час, мерка која, според него, ќе се воведе само ако расте и понатаму бројот на инфицирани, а при тоа граѓаните не се придржуваат до мерките за заштита. Ако сите ги почитуваме препораките на лекарите тогаш нема да има потреба од ригорозната мерка.

„Сите одлуки на владата за заштита на здравјето се според предлозите на Комисијата за заразни болести и нивните анализи. До сега немаме предлог за полициски час, затворање на државата, затворање на викендите… А дали е опција за во наредниот период? Да, постои опција, но мерките за заштита мора да бидат димензионирани според определената ситуација. Според оние анализи во Комисијата, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, се намалува преносот на вирусот, и тоа ќе се почувствува повеќе во наредните денови. Ако бројот на заболени расте, ќе имаме и порестриктивни мерки, иако никој не го сака тоа. Едно да се знае, владата е тука да направи се за да се заштити животот и здравјето на граѓаните.“- увери Спасовски и испрати апел до граѓаните да продолжат со доследно почитување на мерките.

Тој извести дека Акцискиот план во време на кризна состојба е донесен и во него е прецизирано која институција, со колкави ресурси и на каков начин ќе биде ангажирана.

„Министерството за здравство побара одреден број полицајци и војници за заштита на ковид центрите, како точки за обезбедување. Поддршката на армијата не е затоа што имаме инциденти, па неопходно е справување, туку е еден вид логистика, да имаме дополнителни човечки ресурси. Ова не значи дека од утре секаде ќе гледаме полицајци и војници, ќе ги имаме онаму каде што навистина се неопходни. Имаме оперативни сознанија и ќе се проценува кога и како ќе има потреба од војниците. Полицијата ќе ја гледаме секаде како и до сега, пред се во контрола за спроведување на мерките за заштита, а армијата онаму каде што е неопходна заштита на ковид центрите.“- ја објасни Спасовски улогата на војниците во време на кризна состојба.
Next Post

Денеска се регистрирани 1039 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 998 пациенти, а починати се 15 лица

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk