ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Зачувување на работните места, помош за ранливите категории и функцонирањето на компаниите – клучно за премостување на ковидкризата

November 26, 2020 06:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Раст на гарантираната минимална помош за 300 проценти, раст на минималната и просечната плата, стабилизација на пензискиот систем, воведување на социјалната реформа која значи и социјални  услуги и воведување на социјална сигурност односно социјална пензија за граѓаните кои немаат доволен број на години стаж е она што го работеше оваа Влада и претходниот мандат и продолжува и во тековниот, истакна вечерва министерката Јагода Шахпаска.

Во гостувањето во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар од Штип таа посочи дека наместо еднократното покачување на пензиите на крајот на година во време на ВМРО-ДПМНЕ кои го укинаа законското усогласување, сега пензионерите добиваат усогласување на пензиите два пати во годината и дополнително со раст на БДП над четири проценти.

– Пензијата од половината на 2017 година, со промените и усогласувањата порасна од 13.400 денари на 15.700 денари, согласно трошоците на живот и раст на БДП, појасни министерката  во одговор на прашање на граѓанин.

На прашањето за финансиската помош на најранливите категории на граѓаните од 6000 денари како дел од четвртиот пакет економски мерки, министерката посочи дека тука како дел финансиска поддршка влегуваат 182. 000 пензионери кои имаат пензии пониски од 15.000 денари, 84.000 пасивни баратели, 7.590 приматели на социјална пензија, самохраните родители, студенти кои не влегоа во претходниот пакет мерки, естрадни и културни уметници. Но, овој пат наместо на картички, средствата ќе бидат директно префрлени на нивните сметки, како што додаде, се со цел, да се поддржи домашната економија и граѓаните.

– Во време на пандемија, сите заложби се насочени кон премостување на кризата преку зачувување на работните места, да се помогне на најранливите граѓани, да се одржи функционирањето на компаниите. Преку олеснети критериуми за влез во системот за гарантирана минимална помош, детски и образовен додаток, граѓаните полесно остваруваат право на помош, истакна министерката Шахпаска.

 

Во однос на прашањето за новостите од Законот за работни односи, министерката потенцираше дека се работи за системски закон, законско решение на кое се работи, кое ги опфаќа сите прашања од сферата на трудот, должината на работното време, флексибилното работно време, работа од далечина, сезонска работа, бенефиции, породилно боледување. На ова законско решение работат работните групи каде се вклучени претставници на синдикатот, на работодавачите и владата.

– Во врска со боледувањата, каде што првично исплатата за јавниот сектор беше 100 проценти, за заболените од Ковид-19 и оние во изолација, имавме жестока реакција, затоа изработивме информација во која се повикуваме на Законот и колективни договори. Со тоа ги изедначивме сите работници, без разлика дали се јавен или приватен сектор, рече Шахпаска.

Работодавачите имаат обврска согласно Колективен договор да исплатат К-15, но сепак тоа зависи од финансиската состојба на компанијата односно нејзиниот бонитет.

– Човечкиот капитал, човечкото здравје е приоритет број еден. Ако состојбата со пандемијата се влоши, нема по секоја цена да ги држиме градинките отворени. Будно ја следиме состојбата и се покажа дека почитувањето на протоколите и мерките за заштита од корона вирусот е единствениот начин да се заштитиме, истакна Шахпаска.

Next Post

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk