ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Армијата се вклучува во обезбедување на здравствените установи, Прилеп чека одлука за карантин

November 26, 2020 08:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес и други.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по вчерашната средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, изјави дека Владата го испратила барање до претседателот на државата и врховен командант на воените сили и очекува тој да го одобри.

Шеќеринска појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи.

– Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од институциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатени најголемиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници, како „8 Септември“ и другите во градов, и во поголемите центри, како Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска.

Таа појасни дека целта на ангажирањето на армијата е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пациентите се заштитени и дека тоа е работа на полициајта и армијата сега.

Претседателот на државата и врховен командат на воените сили Стево Пендаровски, вклучувањето на армијата во обезбедување на здравствените установи го најави по прогласувањето на кризната состојба на целата територија во траење од 30 дена.

– Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и за полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата и се крајно исцрпени, напиша на „Фејсбук“ Пендаровски во саботата, дента кога се прогласи кризна состојба.

Во Прилеп, пак, градоначалникот Илија Јовановски, поради влошената состојба со Ковид-19, бара да се воведе карантин. Неговото барање ќе биде разгледано утре од Комисијата за заразни болести, која ќе треба да одлучи дали ќе го одобри.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски вчера рече дека ситуацијата во Прилеп е алармантна и в петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

Според последните податоци од Министерството за здравство, во Прилеп има 1021 активни случаи. Прилеп е втор град по најмногу активни случаи, веднаш зад Скопје, кое има 10130.

Од 1288 новозаразени регистрирани во претходното деноноќие, од Прилеп се 78, а од Скопје – 570. Во Тетово се активни 965, Куманово-939, Гостивар-862, Битола-808, Велес-711. Во другите градови се под 600 заразени.

Вчерашниот ден беа забележани и голем број починати, вкупно 39. Од починатите дури 16 се од Скопје (79г., 80 г., 54 г., 70 г., 68 г., 54 г., 68 г., 82 г., 84 г., 68 г., 76 г., 75 г., 71 г., 60 г., 73 г., 56 г.), двајца од Куманово (70г. и 62 г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76 г., 68 г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72 г., 67 г., 66 г.), двајца од Струга (68г., 69 г), двајца од Велес (67г., 78 г.), двајца од Охрид (68г., 73 г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41 г.) и еден пациент од Неготино (40г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881.

Во Скопје најмногу заразени има во Гази Баба – 1490, Аеродром-1474, Карпош – 1186, Центар – 1173, Кисела Вода – 1245, Ѓорче Петров – 874, Чаир – 639, Бутел – 584. Во другите општини има помалку од 300.

За големиот број починати, особено за млади лица, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонредни инспекциски надзори. Во тек се девет такви надзори.

Директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова вчера посочи дека од почетокот на пандемијата, па до сега ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Таа рече дека во последните денови или недели немаат добиено претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.

– Вонредни инспекциски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече вчера Бухова.

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на актуелните случувања, е сè уште во тек.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во земјава вкупно хоспитализирани се 1297 пациенти. Во претходното деноноќие во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 486 лица. Од хоспитализираните голем дел се на кислородна поддршка. Најмногу пациенти во Скопје се лекуваат во ГОБ „8 Септември“-108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти.

Во скопските инфективни оддели вчера утрото имаше 20-тина слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

И покрај големиот број заразени и починати, министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека тоа не се одразува во училиштата, каде, како што рече, нема ширење на вирусот и затоа таа смета дека предлогот на опозицијата за предвремен распуст е неаргументиран.

Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021, рече Царовска, која информира дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент.

Коронакризата, покрај другите негативности, донесе и зголемен бројот на случаи на семејно насилство, според резултатите од Клиниката за психијатрија.

– Очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото, и изолацијата за време на долгите карантин, според резултатите од Клиниката за психијатрија, резултираа со зголемен број случаи на семејно насилство, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените.

Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30 отсто е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
ФОТО: БГНЕС

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk