Пред почетокот на натпреварот помеѓу првопласираната Брегалница и второпласираниот Тиквеш, двајцата главни кандидати за пласман во Првата лига, двете навивачки групи ( Фаланга и Лозари) се сретнаа на кружниот ток пред стадионот „Градски“ во Штип и почнаа физичка пресметка која за среќа траеше кратко откако интервенираше полицијата, пренесе Локално.мк.
Навивачките групи Фаланга и Лозари иако не смееат да присуствуваат на натпреварот поради антиковид мерките, направија турканица надвор од трибините.