ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калфин и Ноев: Политичката храброст и разбирањето се клуч за членство во ЕУ

November 30, 2020 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Брзањето отсекогаш било лош советник во политика, исто како и потценувањето на проблемите и одложувањето на нивното решавање, оценуваат поранешните бугарски министри за надворешни работи и за одбрана, Ивајло Калфин и Бојко Ноев во текст во Оффњуз.бг посветен на односите меѓу Скопје и Софија, пренесува МИА.

– Повеќеслојните проблеми не можат да се решат без политичко лидерство. Бугарија и Република Северна Македонија дојдоа до важна крстосница во нивната комуникација и нивната иднина зависи од насоката во која ќе тргнат. Клучот за нашите земји да живеат заедно во Европа е политичката храброст и цврстите гаранции дека она што не подели, нема да се повтори, сметаат двајцата поиранешни министри.

Според нив, односите меѓу двете земји се „длабоко под влијание на заедничката историја и тешко е да се ослободат од противречностите, кои, како по правило, се воведуваат и разгоруваат од надворешни фактори“.

– Емоциите, неоправданите очекувања и меѓусебните разочарувања честопати надвладуваа над здравиот разум и објективните интереси на граѓаните на двете земји. Кандидатурата на РСМ за почеток на преговорите за членство во ЕУ се соочи со нерешените билатерални прашања. Како членка на ЕУ, Бугарија има обврска да не дозволи такви прашања да бидат на агендата, како во преговорите за членство, така и при идното заедничко опстојување на двете земји во рамките на Унијата. Затоа, Бугарија мора истовремено да гарантира и исполнување на таа обврска, но и на нејзиниот стратешки интерес за пристапување на земјите од Западен Балкан и особено на РСМ во ЕУ, оценуваат Калфин и Ноев.

Според нив, Бугарија има историска одговорност и интерес да биде мотор на проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, па затоа што е можно поскоро треба да почнат преговорите за членство со Република Северна Македонија и Албанија.

– Владите во Софија и Скопје треба да бидат активни, да работат според јасен план и да најдат убедлив начин за трајно решавање на проблемите меѓу двете земји во текот на следните месеци. За да бидат на нивото на одговорност кон минатото, сегашноста и особено кон идните генерации, двете земји мора еднаш и засекогаш да постигнат цврсти договори, кои нема да подлежат на каприците на политиката и политичката констелација. Довербата мора да се зајакне со јасни договорени гаранции, додаваат авторите на текстот.

Тие ги повикуваат властите во Софија и Скопје да започнат активен дијалог на највисоко ниво и да преземат заедничка обврска дека во текот на следните месеци официјално ќе ги известат останатите држави на ЕУ дека земјава е подготвена да започне преговори за членство.

– Заложбите на германското претседателство со Советот на ЕУ за успешно продолжување на процесот на проширување заслужуваат највисоко признание. Тие се одлична основа за постигнување договор за почеток на преговорите за членство со Република Северна Македонија уште во првата половина на 2021 година, заклучуваат Ивајло Калфин и Бојко Ноев во зедничкиот текст.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk