ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Постои координација и комуникација на државно ниво за прием и третман на пациентите соодветно на нивната состојба

December 2, 2020 11:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Приемот и трансфер на пациенти е координиран и регулиран помеѓу здравствени институции и помеѓу градови, а матичните лекари како и клиничарите играат важна улога од почетокот на пандемијата, ова беа дел од темите за кои министерот за здравство д-р Венко Филипче говореше во емисијата Клик плус, која синоќа се емитуваше на тв 21.

Филипче посочи дека постои системска комуникација за трансфер на пациенти не само во ковид центрите во Скопје, туку на територија на цела држава, целиот систем е координиран за да не се случи пациент со часови да чека во возило на Итна Помош пред да биде хоспитализиран.

-Ние имаме систем на комуникација и на координација за прием и трансфер на пациенти не само во рамките на една институција туку и од една во друга помеѓу институциите во град Скопје и од сите болници кон скопските клиники. Не може да се случи без координација и без претходна најава во групите коишто ги имаме да се прати пациент без притоа да биде обезбедено место и тој да седи во кола за Итна Помош и да чека. Ние мислевме на сите работи. Во Клиничкиот центар се ставија шатори во кои има греење, на неколку позиции се ставени и пред ГОБ „8 Септември“. Кога има огромен наплив на пациенти, нормално е да има такви ситуации-гужви и сите се тука под притисок и преоптеретени. Не се гужвите заради тоа што некој не работи, гужвите се поради тоа што луѓето се преработени и едноставно некогаш не можат да постигнат. Затоа апелирам, да има и трпение, и разбирање кон здравствените работници. Дел од здравствените работници ова го прават од месец март и не се запрени, и нема ни да запрат – рече Филипче.

Во целиот систем голема улога играат и матичните лекари, кои како што рече министерот ,,лавовски се борат“ во изминатиот период, а од почетокот на пандемијата преземаа голем товар во третман на ковид пациентите.

-Матичните лекари преземаа еден огромен дел од теретот, од работата и исто како и клиничарите лавовски се борат сите овие изминати месеци и овде има понекогаш чекање, но историски гледано така било секогаш. Но, коректно и професионално во делот на поддршка на пациентите – кажа Филипче.

Тој потенцираше дека начинот на лекување на пацинети зависи од клиничката слика на пациентот и терапијата не може да биде една за сите пациенти, бидејќи лек за оваа болест е постои.

-Типот на лекување е апсолутно идентичен во сите центри. За оваа болест нема специфична терапија се прави комбинација на лекови нема еден специфичен лек се уште траат испитувања. Над 30 испитувања на лекот Фавипиравир, дополнителни испитувања за другите лекови, ова е болест која се уште се лекува со комбинација на лекови врз основа на симптомите што ги дава пациентот, како и зошто се манифестираат. Досега од друга болест ние не сме виделе случај да направите венепункција и крвта да не може да истече низ иглата заради тоа што е толку згрутчена односно згусната. Тоа во светот на медицината досега не било сретнато. – кажа Филипче

Последните анализи покажуваат дека притисокот кон болниците се намалува, но се уште сме многу внимателни, изјави Филипе, потенцирајќи дека сме далеку од  тоа да може да се каже дека ситуцијата стивнува, бидејќи вирусот многу пати досега покажал дека е непредвидлив.

 

Next Post

Во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 лица од КОВИД -19, дома се пуштени 32 оздравени пациенти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk