ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Северна Македонија активен чинител во спроведување на политиките на НАТО

December 2, 2020 11:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и вчера учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО, кој поради  рестриктивните мерки наметнати од пандемијата се одржа преку видео врска.

-Ние остануваме посветени на темите од клучно значење за Алијансата и како најнова членка ќе продолжиме да промовираме атмосфера и политика на регионална стабилност како клучен двигател за безбедноста и просперитетот на сите земји од Западен Балкан, истакна Османи, во своето прво обраќање пред колегите-министри на земјите-членки. 

Османи истакна  дека нашиот придонес ќе продолжи преку посветениот ангажман на Република Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност, со директно учество во воените мисии предводени од Алијансата.

-НАТО 2030 – процесот на рефлексија, го гледаме преку визијата за поголема  предвидливост на Алијансата после 2030, која ќе продолжи да ги спроведува своите клучни задачи и да ги одржува фундаменталните принципи и политики. Алијансата преку овој проект ја гледаме како инструмент кој ќе продолжи да се грижи за нашата безбедност и ќе ни овозможи натамошен просперитет и развој, потенцираше Османи, истакнувајќи ја значајната улога на Алијансата во актуелното безбедносно опкружување и справување со безбедносните предизвици на денешницата. 

Од МНР информираат дека агендата на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО опфаќала повеќе прашања за дискусија од областите на стратешки приоритет на Алијансата, вклучително и справувањето со безбедносните предизвици, регионалната стабилност, контролата на вооружувањето, учеството во мисии и операции, а беа разменети и првични согледувања околу презентираниот експертски документ „НАТО 2030“.

Исто така, министрите за надворешни работи одобрија и нотираа неколку усогласени документи во врска со темите што беа предмет на дискусија во рамки на НАТО. 

Next Post

Ангел Димитров: Политичарите од двете страни сакаат напредок, македонските историчари прават сè да не се случи тоа

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk