ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан

Соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот е во фокусот на работа на вториот ден од „Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“, што се одржува во Собранието на Република Северна Македонија под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија

November 19, 2019 11:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот е во фокусот на работа на вториот ден од „Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“, што се одржува во Собранието на Република Северна Македонија под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија, пренесе МИА.

Како што соопштија од МВР, еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос, ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој земјите членки на ЕУ се претставени од страна на министрите за правда и за внатрешни работи на Република Финска, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, како и други претставници на европските институции.. Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства.

На првиот ден од Министерскиот форум на кој тема беше владеењето на правото и реформите во правосудството, беше истакнато дека  од гледна точка на Европската комисија, нема сомнеж за европските перспективи на Западен Балкан, но дека се уште се потребни сеопфатни и одржливи реформи во клучните области и оти напредокот низ овој процес на проширувањето е, пред се, во рацете на земјите од Западниот Балкан.

Владеењето на правото е во сржта на процесот на пристапување на ЕУ. Комисијата е подготвена и понатаму да ги поддржува своите партнери од Западен Балкан преку финансиска, техничка и експертска помош, рече еврокомесарката, додавајќи дека на форумот се дискутирало за реформите во правосудството, за бробата против корупцијата и организираниот криминал, за темелните права, за функционирањето на демократските институции, а делумно и за реформата на јавната администрација.

Министрите, според неа се согласиле дека спроведувањето на реформите треба да биде во поголем фокус и оти тие треба да се одредат за приоритети, да се подобри ефикасноста на правосудниот систем, да се подобрат напорите за да се реши заостанатиот број на предметите и да се спроведат дигитализирани системи за управување, да се зајакнат напорите за борба против корупцијата, како и да се подобрат затворските услови за да се задоволат стандардите на Советот на Европа и размена на искуства.

Форумот се одржува на годишно ниво и е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нотен запис на Моцарт продаден за 372.500 евра

НАЈНОВО

Скриншот

Најмалку 63 загинати во судир на два автобуси во Уганда

October 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

„Дизни“ ја отфрлил идејата за продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло

October 22, 2025
Скриншот

Марта Кос за Србија: „Не смее да има никаков економски или политички притисок врз медиумите“

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk