Наместо Апасиев да се потпише и да застане зад неговите навредувачки амандмани, тој низ вода го пушта пратеникот Крмов. Со таквите амандмани се гледа намерата на Левица исклучиво за блокирање на работата на собранието, напиша на својот Фејсбук профил Костадин Костадинов од СДСМ.
„Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев. Додека тој троши државни пари, додека вмро дпмне како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите. Епа еве што прави Апасиев почитувани гласачи на Левица. Со ова покажува дека баш му е гајле за вашите проблеми. Он целта си ја постигна. Тресла се гора, родио се миш“, пишува Костадинов.
Реакцијата се однесува на поднесените амандмани на Левица во кои се наведува дека за време на велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце; пратениците кои учествуваат во работата од далечина не смеат да носат облека со обележја на моден салон (месарница, салон за педикир, за маникир…)