ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовиран првиот прирачник за вработените во музеите -„Водич за лица со попреченост при посета на музеите“

December 2, 2020 18:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во Музејот на Македонија беше промовиран првиот прирачник наменет за вработените во музеите „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“, напишан од Емилија Георгиева и Сузана Марковска.

-Ме радува што првпат излегува ваков вид на издание, што навистина ќе биде корисно. Практично сите прирачници се на некој начин корисни, но овој прирачник е особено важен бидејќи произлегува од луѓе кои со години ја работат оваа проблематика и имаат исклучително големо искуство во работа со сите групи, особено со деца и луѓе со попреченост и тоа дава една посебна тежина на овој прирачник, истакна Јован Шурбаноски, директор на Музејот на Македонија.

Прирачникот е проект поддржан од Министерството за култура, а Афет Јашари, претставник од министерството истакна дека му претставува голема чест што стручните лица придонесуваат за нарјанливата категорија во нашето општество.

Тој додаде дека ова нема да биде последен проект наменет за лицата со попреченост што Министерството за култура ќе го поддржи и нагласи дека со годишните програми што министерството  ги објавува во континуитет со обуките и меѓународните конвенции, истакна дека и нашата држава ќе земе активно учество во ваквите проекти.

-Во иднина овој прирачник ќе биде добро четиво за луѓето кои работат во музеите, бидејќи јас, а и самите тие знаат дека не е суштината да се каже што е тоа што е поставено во музеите, особено кога станува збор за лицата со попреченост, напротив треба да се доближиме до нив бидејќи само така ќе бидеме прифатени од нив и на тој начин тоа што сакаме да им го кажеме тие ќе го прифатат, истакна професор д-р. Ристо Петров, рецезент на прирачникот.

Емилија Георгиева нагласи дека идејата за изработка на овој прирачник започнала уште пред неколку години, кога таа како наставник дефектолог заедно со нејзините колеги и ученици од посебното основно училиште „Иднина“ започнале да ги посетуваат музеите, при што реализирале едукативни работилници, учествувале на манифестации, ги истражувале археолошките локалитети Скупи и Стоби.

-Беа одржани две предавања за музејските едукатори за кои што се покажа голем интерес од страна на присутните. Прирачникот ќе им овозможи на сите вработени во музеите стекнување на основни информации на лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските постапки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, вели Георгиева.

Прирачникот нуди и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа при организирање едукативни работилници во музеите. Социјалната инклузија на лицата со попреченост е една од активностите што се преземаат со цел и овие лица да се почуствуваат како рамноправни во општеството и да им биде овозможен пристап до сите институции од областа на културата.

 

Next Post

Партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно на „непартиски“ протест

НАЈНОВО

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025
Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk