ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОН го повлече канабисот од листата на „опасни дроги“ и даде легитимност на лековитите својства

December 2, 2020 23:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По 60 години статус кво, три години научен преглед од СЗО и две години дипломатски дискусии, денес Обединетите Нации (ОН) конечно го повлекоа канабисот од Класа IV на Единствената конвенција – „класата за забрана“, пренесе Радио МОФ.

Ваквата класификација значи дека канабисот е повлечен од листата на хероинот и слични опасни наркотици, а со тоа му дадоа легитимност на неговите лековити својства, што дава поттик за милиони пациенти низ светот и е чекор напред на науката над политиката.

Како што пишува Њујорк Тајмс, гласањето на Комисијата за наркотични дроги, чие седиште е во Виена и вклучува 53 земји-членки, разгледа низа препораки од СЗО за преквалификација на канабисот и неговите деривати. Но, вниманието беше насочено кон клучната препорака за отстранување на канабисот од Класата IV.

Според експертските мислења, гласањето нема да има непосредно влијание врз олабавувањето на меѓународните контроли затоа што владите сепак ќе имаат надлежност за тоа како да го класифицираат канабисот. Но, многу земји бараат насоки кон глобалните конвенции, а признавањето на ОН е симболична победа за поборниците за промена на политиката за лекови, кои велат дека меѓународното право е застарено.

„Ова е огромна, историска победа за нас, не може да се надеваме на повеќе“, рече Кензи Рибулет-Земули, независен истражувач за политика на лекови, кој внимателно ги следеше гласањето и позицијата на земјите-членки. Тој рече дека канабисот се користел низ историјата за медицински цели и дека одлуката го враќа тој статус.

Промената најверојатно ќе ги зајакне медицинските истражувања и напорите за легализација низ целиот свет.

Гласањето беше „голем чекор напред“, признавајќи го позитивното влијание на канабисот врз пациентите, рече Дирк Хајтприем, потпретседател на Canopy Growth, канадска компанија за канабис. „Се надеваме дека ова ќе им овозможи на повеќе земји да создаваат рамки што ќе им овозможат на пациентите кои имаат потреба да добијат пристап до лекување“.

Канабисот за медицинска употреба растеше последниве години и производите што содржат деривати на канабис, како канабидиол или ЦБД – ја преплавија велнес индустријата. Коуен, компанија за инвестиции и финансиски услуги, проценува дека индустријата за ЦБД во САД ќе вреди 16 милијарди долари до 2025 година.

Препораките за промена на класификацијата на канабисот првпат ги даде Светската здравствена организација во 2019 година. Но, тие беа политички поделени, што доведе до невообичаени одложувања на гласањето на Комисијата на Обединетите нации.

Рекласификацијата помина од 27 до 25, со воздржаност од Украина. САД и европските нации беа меѓу оние кои гласаа „за“, додека Кина, Египет, Нигерија, Пакистан и Русија беа против.

Истовремено, Комисијата го отфрли предлогот за вклучување на ТХЦ-то во Конвенцијата од 1961 година.

„Реновирањето на политиката за канабис, особено околу легализацијата за медицинска употреба, се одвиваше со брзо темпо во последните неколку години, рече Џесика Стајнберг, управен директор на Глобал Ц, меѓународна консултантска група за канабис.

Упатените во индустријата изразија надеж дека гласањето ќе го отвори теренот за повеќе истражувања за медицинските придобивки на лекот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

Мицкоски: Во периодот што следи ќе номинираме нови имиња по излегувањето на крилото на Таравари

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk