ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Јазикот на Ерато е универзална љубов, или како што самата вели: Кајн пм’п – Граници не постојат, ПЕС: Заев демонстрира храброст и лидерство, неговата земја заслужува преговори…

December 3, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Семејството Кардула

Семејството Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

Регистрирани 1.342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65.231, бројката на оздравени пациенти е 41.656, на починати е 1.847, а бројот на активни случаи изнесува 21.728.

Бучковски треба да биде мотиватор за спроведување на Договорот со Бугарија, вели Заев. Премиерот денеска изјави дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

Со над 500 амандмани ВМРО-ДПМНЕ блокира измени во Законот за здравствена заштита. 3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието.

Заев: Она што деновиве го прави ВМРО-ДПМНЕ е лажен патриотизам. Сето она што го прават овие денови е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели by the way, ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата, изјави Заев.

Османи: Договорот со Бугарија е решение, со акциски план ќе се создаде предвидливост за негова примена. Османи оценува оти е поголема штета да се дозволи да исчезне довербата во Договорот, бидејќи ако тој се изгуби, како што посочи, би се вратиле во ситуација на односи без рамка, а тие ги имавме 30 години и видовме какви беа резултатите.

 Најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино. Досега има најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино, затоа што тој има одлична географска местоположба, одлична поврзаност со мрежата и трафостаници кои можат да ја примат енергијата од новото производство на струја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“.

Почина Благоја Стефановски – Баге, поранешен министер за култура. Стефановски беше болен во последно време, а потоа и позитивен на Ковид-19.  Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за забрзан уметнички развој на оваа театарска куќа.

ПЕС: Заев демонстрира храброст и лидерство, неговата држава заслужува преговори. Оттаму повикуваат на длабински дијалог помеѓу Бугарија, која 13 години е членка на ЕУ и на Северна Македонија која силно ја изрази желбата за пристап кон унијата. Во изјавата на ПЕС се дополнува дека премиерот Зоран Заев продолжува да демонстрира храброст и лидерство.

БГНЕС: Героски измисли „интервју“ на Бучковски со нашата агенција. Со бројни „цитати“ од она што Бучковски го кажал за БГНЕС и „забелешки и прашања“ од „новинарот на БГНЕС“, се потсетуваме на повиците за линч на „непријателите на народот“ од периодот по Втората светска војна.
Јазикот на Ерато е љубов и после три години од промоцијата на „Гуш и Бац“ – Зоран Кардула за Фронтлајн. Јазикот на Ерато е универзална љубов која не познава време и граници. Или како што ќе каже Ерато: Кајн пм’п – Граници не постојат.
Утре средба на Филипче со координативното тело за вакцината за Ковид 19. На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид 19 како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Студија: Луѓето без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку заразни.

И.Т.З.

Next Post

Министерката за култура во посета на штипскиот Дом на млади

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk