ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче на состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19, благ пад на новозаразени

December 4, 2020 07:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Последните денови се забележува благ пад на новозаразените. Во претходното деноноќие, од направени 3399 тестирања беа регистрирани 1342 нови случаи на коронавирусот, починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти.

Од активните случаи најмногу се во Скопје – 10477, Прилеп – 1031, Гостивар – 996, Тетово – 974, Битола – 942, Куманово – 886. Во другите градови има помалку од 800.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Од следната недела ќе почне да работи пункт за тестирање со брзи антигенски тестови за коронавирусот и во скопско Шуто Оризари. Матичните лекари ќе можат да закажат термини за тестирање веќе од понеделник. Од среда ќе почне тестирањето и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена, информираат од Министерството за здравство. Во Скопје досега имаше шест пункта за брзи тестови и тоа во поликлиниките во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања, соопштуваат од министерството.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1318 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во центрите во Скопје хоспитализирани се вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои седум деца и 28 возрасен.

На Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во болниците низ државата најмногу хоспитализирани има во Прилеп 128, во Куманово има 110 пациенти, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера изјави дека директорите на болниците бараат засилено обезбедување.

– Имаме побарувачка од директорите на болниците да го зголемиме бројот на припадници на Армијата зашто луѓето се чувствуваат побезбедно кога има војска, вели Ангелов.

Тој истакна дека Главниот кризен штаб постојано заседава и е подготвен да реагира во секој момент, доколку има потреба. Припадниците на безбедносните сили може да се соберат за половина до максимум еден час.

Ангелов, исто така, соопшти дека потенцијален ризик за ширење на заразата се и мигрантите.

– Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен КОВИД-19, затоа што тие таму немаат никакви услови, посебно нехигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивниот трансфер, влез и движење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на КОВИД, рече Ангелов.

Тој истакна дека нашите војници освен што го обезбедуваат здравствените капацитети како поддршка на полицијата, истовремено се распоредени и на јужната и северната граница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Историчарите продолжуваат со напорите за приближување на ставовите, Скопје порачува дека ќе разговара со Софија и покрај ветото

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk