Протестите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против премиерот Зоран Заев и владата предводена од СДСМ се веројатно најнеуспешните протести во историјата на оваа партија. На денешниот протест бројката на присутни не надмина ниту 50 души.
Мицкоски со недели го повикува народот на улица. Одговорот на граѓаните со присутноста е поразителен за ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно, никој веќе нема доверба ниту сака да се покрене поради партијата што цела деценија ја уништуваше систематски земјата, за не се извини и покаја за тоа.
Тоа што развеселува во цела оваа тажна ситуација се веселите коментари на социјалните мрежи.
Некои велат дека повеќе гужва има пред сендвичарници, во обложувалници, па и во чајџилници отколку на митинг на ВМРО ДПМНЕ. Некои велат дека прашање на време е кога ВМРО-ДПМНЕ ќе падне под законскиот минимум од 20 луѓе за организирање протест.
Д.Е.