ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Да се повлече ветото бараат бугарски интелектуалци, умерен оптимизам кај Заев за исчекор од страна на Бугарија

December 6, 2020 09:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На два дена од Европслкиот совет на 8 декември премиерот Зоран Заев не го напушта оптимизот дека сепак е можно Бугарија да се откаже од најавеното вето за почеток на пристапните преговори за С Македонија до крајот на годинава во рамки на германското претседателство.

Потврди дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов за време на радио интервју вчера и истакна дека од разговорот е видливо дека Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ.

-Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам декa уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија, рече Заев.

Тој е внимателен оптимист дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции иако, вели, нема да не изненади и треба да бидеме подготвени за одложување на ова прашање за што, наведува, може да повлијаат и изборите што земјата ја очекуваат во март следната година, .

-Јас реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор. Знаат и самите, знаеме и ние дека секогаш на секое поглавје може да биде застанат процесот за сите земји, па така и за С Македонија.  Имајќи го тоа предвид имаме акциски планови, имаме наративи, меморандуми како да ги забрзаме процесите на градењето на уште поголемо пријателство помеѓу Македонците и Бугарите, но и сите граѓани во РСМ. Верувам дека можеме да успееме на тој пат. Во најмала рака, неколкупати предупредив знаејќи ја суштината на разговорите, нема да не изненади, треба да бидеме подготвени дека ќе се одложи ова прашање. Бугарија имаше разбирање кога беа изборите во РСМ, претстојат избори во Бугарија. Не велам дека тоа е причината, но не е исто кога сте пред избори и кога не сте пред избори, потенцира Заев.

Во врска со употребувата на придавката „македонски“, која ја закочи работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања поради различно толкување на Преспанскиот договор,, Заев оцени дека Договорот од Преспа  јасно разликува кога таа се користи како наша идентитетска одредница. Жали што не бил постигнат напредок, поради како што оценува, немањето инвентивност и храброст, но подвлече дека во делот на историјата работата е на експертите и професионалците, кои е уверен дека ќе изнајдат решение.

Група бугарски интелектуалци, пак, во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како и до Канцеларијата на ЕУ во нивната земја, побараа бугарската Влада да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ без одлагање, односно тоа да се случи до крајот на 2020 година, во рамките на германското претседателство со Советот. Дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата…,.Неприфатливо е, велат, оспорувањето на македонската нација и јазик, и несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство.

-Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на процесот на преговори на Македонија за членство во ЕУ, со аргумент кој е неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Според наше мислење, Бугарија ќе претрпи штета на имиџот на различни ненационални нивоа, со непредвидливи последици. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката помеѓу двете земји кои се главните столбови на истоимениот договор. Наспроти ова, манифестациите на грубост од двете страни, на високо политичко ниво, на ароганција и кратковидни историски интерпретации со живописен националистички и шовинистички вкус, наведуваат во писмото.

Предлагаат како еден од првите чекори да биде именувањето на транспортната инфраструктура меѓу двете држави на Коридорот 8, „Гоце Делчев“.

Официјална Атина, пак, засега, нема заземено став за разликите меѓу Скопје и Софија, а единствените пораки што доаѓаат од грчката Влада се дека и понатаму продолжуваат да ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот. Професорот од Универзитетот „Македонија“ во Солун и виш научен соработник во грчката Фондација за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“, Јанис Армаколас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, за случувања на релација Скопје-Софија, коментира дека не е доцна Грција да направи нешто за да помогне во надминувањето на разликите и откочување на европската перспектива на нашата земја..

Меѓу другото, вели тој, Атина не им стави јасно до знаење на партнерите и сојузниците дека Договорот од Преспа, односно „новиот стратешки однос со Северна Македонија“ и стабилноста и напредокот на земјата, се стратешки избор и интерес што е од витално значење.

– Ако го имаше сторено тоа, можеби ќе беше потешко, толку лесно да се постават пречки на патот на Северна Македонија. Но, не е доцна Грција да направи нешто суштинско. Мислам дека Атина, дури и сега може да го појасни нејзиниот избор за соработка и стабилност и да покаже дека нема разбирање за активностите што ја поткопуваат, директно или индиректно. Последиците од ваквата активација на Атина ќе бидат позитивни за стабилноста и европската перспектива на регионот, истакнува Армаколас. /МИА/

Next Post

Во Крива Паланка „Ретроспективна изложба на скулптури -30 години творештво на Нела Јанковска“

Најново

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk