ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ ја намали проекцијата за БДП на -4,9 проценти за годинава, догодина раст од 3,9 проценти

December 7, 2020 12:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пад од 4,9 проценти на бруто домашниот производ за годинава, како и раст од 3,9 проценти во наредната година, предвидува Народната банка, со што направи надолна ревизија на пролетните  проекции со кои за годинава  прогнозираше пад од 3,5 проценти на БДП и закрепнување во наредната година со раст од 4,7 проценти.

„Правиме надолна ревизја на проекциите за развој на домашната економија во целиот  период на проекции. Во 2020 проектираме пад на економската активност од 4,9 проценти наспроти пад од 3,5 проценти во април и априлскиот циклус на проекции во услови на послаби остварувања во првата половина од оваа година и оценки за поспоро закрепнување во втората половина, имајќи ги во предвид вториот бран на пандемијата. На среден рок предвидуваме постепено, но доумерено закрепнување на економската активност со стапки на раст од 3,9 проценти, 3,6 проценти и 4 проценти во 2021, 2022 и 2023 година соодветно. Оваа стапка на раст значи дека економијата би се вратила на преткризно ниво во текот на 2022 година, рече на денешната видео прес-конференција гувернерката на Народната банка“, Анита Ангеловска-Бежоска.

За разлика од априлските проекции, како што појасни, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на Ковид-19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст.

Како што информираше Ангеловска-Бежоска, се очекува пад кај сите компоненти на БДП освен кај јавната потрошувачка. Најголем пад ќе има кај бруто инвевстициите од 13 проценти, личната потрошувака се проектира со пад од четири проценти, а извозот од 11,7 проценти.

Ангеловска-Бежоска соопшти дека се очекува инфлацијата на среден рок да се задржи на умерено ниво. За годинава се прави нагорна ревизија од нула на 1,1 процент, а за наредните две години се задржува на проекцијата од 1,1 проценти и два проценти.

Проекците на Владата со Предлог буџетот за 2021 година се економијата во 2021 година да забележи раст од 4,1 процент, во 2022 од 4,6 проценти, а во 2023 од 5,2 проценти.

Next Post

Во Прилеп одбележана годишнината од смртта на Блаже Конески

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Дивац искрено, зошто не го избрал Лука Дончиќ на драфтот

April 28, 2026

Концерт на Дуња Иванова – пијано, на 29 април пред Општина Центар

April 28, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk