Идентитетот е црвена линија и за тоа никој нема право да преговара, изјави вечерва, во гостување на ТВ21, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Идентитетот, јазикот се црвените линии, како за Македонците, така и за нас Албанците. Ова се црвените линии и за ова нема право никој да преговара. Ние Албанците, заедно со македонските граѓани, градиме заедничка иднина. Ние живееме заедн. Имаме заедничка иднина, заеднички потреби. Албанците ќе останат лојални до крај. Веќе покажавме дека заедно можеме да направиме големи работи, сега е време за солидаризирање за подобра иднина. Верувам дека и опозицијата ќе биде поконструктивна во оваа насока“, рече Османи.






