ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Свети Климент Охридски – основачот на првиот Универзитет на Балканот

December 8, 2020 10:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Свети Климент Охридски е најдобриот следбеник на Св. Кирил и Методиј. Носејќи го со себе нивниот дух, тој го изградил најважното училиште од Охридската школа, првиот Универзитет на Балканот. Како учител, во периодот од 886 до 893 година, бил неуморлив во работата, создавајќи генерации на учени млади лица. Поради својата педагошка важност, треба да се знае дека 3.500 ученици изучиле во неговото училиште. Неговите следбеници протоѓакони, ѓакони и презвитери, биле испраќани во нутрите (парохиите), по 300 во секоја одделно. Некои од научниците ги подвлекуваат неговите заложби во економијата, во изградбата на болници, меѓутоа доволни би биле и заслугите што македонскиот словенски народ, поради негова грижа, направил важни чекори во културата, и не само од етничка гледна точка во трудот, туку и како учител имал прекрасен дидактичко-педагошки метод за кој што во Долгото житие се вели: -Ние никогаш не го имавме видено без работа, туку секогаш, дење и ноќе ги учеше младите да читаат и пишуваат на различни начини, некому покажуваше како се пишуваат буквите, на другите им ја појаснуваше смислата на Писмото, а на трети пак им ја водеше раката за да пишуваат. Понекогаш во исто време правеше две работи, пишуваше книги и ги подготвуваше младите за некоја наука, се вели во трудот од митрополит Петар „Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“.

Епископската титула го поттикнала свети Климент да го извршува своето дело со уште поголем жар и посветеност. Тој како непосреден следбеник на литературното дело на светите Браќа, лично како автор се стремел за ширење на христијанската наука меѓу Словените со пишан збор и силно ја бранел науката и глаголското писмо кои што ги добил од своите учители Кирил и Методиј.

-Свети Климент Охридски бил првиот пишувач на словенски јазик на Балканскиот Полуостров. Неговите пишани дела не биле целосно откриени, а кај нас се стигнати како преписи. Првото дело на свети Климент било откриено во 1840 година од теологот и славист В.Ундолскиј (1816-1864). Бројот на дела напишани од свети Климент е непознат, но извесно е дека меѓу другото има напишано 16 беседи и две житија за светите Браќа. Во литературата се наведуваат уште 60 беседи проповеди кои што според јазикот, стилот и содржината, сигурно му припаѓаат на свети Климент, се нагласува во трудот „Духовната доктрина на Свети Климент Охридски“.

Светиклиментовата дејност била просветна и духовна. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува збор за почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на словенски јазик и писмо.

Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Св. Климент се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш.“ Како што говорел, така и живеел. Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело.

Поучувал и со збор и со личен пример.Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко.“ Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа.“

Во својата старост, иако болен, на кревет го преведувал Цветниот Триод од грчки на словенски. Потоа, откако починал, бил погребан (916 г.) во гробот што самиот за себе го имал ископано во задниот десен дел од храмот во својот манастир Свети Пантелејмон. Неговото свето тело останало во гробот во охридскиот манастир се до 15. век, а по уништувањето на манастирот, верниците го однеле неговото свето тело во црквата Света Богородица Перивлепта, а по Втората светска војна, во црквата Свети Никола Геракомија.

Денес, моштите на свети Климент Охридски се во гробот на Плаошник во Охрид каде се наоѓаат Светиклиментовата црква и Светиклиментовиот универзитет.

Ј. Ѓ.

Next Post

Заев со честитка за Св. Климент: Повикани сме да ги чуваме обележјата на нашиот македонски идентитет, да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk