ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Методологијата за прочистување на правосудството ќе биде одобрена до крајот на годината

December 9, 2020 17:19
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за правда Бојан Маричиќ најави дека очекува Методологијата за прочистување на судството и обвинителството на 28 декември очекува да биде одобрена од Советот за реформи во правосудството.

Во обраќањето на настан Државната комисија за спречување на корупцијата, кој се одржа
по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Маричиќ истакна дека корупцијата секаде во светот директно го загрозува јавното добро и влијае на квалитетот на јавните услуги, а особено последиците се видливи и во квалитетот на правдата во судовите и обвинителствата.

Министерот ги наведе позитивните наоди од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата но потенцираше дека сепак граѓаните очекуваат да покажеме опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да го зголемиме бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучително и со понатамошна конфискација на имот стекнат со криминал.

За враќање на јавната доверба во системот на борба против корупција и криминал, многу е важно обвинителството да ги продолжи постапките со ефикасно постапување пред судовите, а судовите да ги завршат постапките со конечни пресуди, особено оние кои ги отвори СЈО и коишто повеќе години се наоѓаат во судските лавиринти, потенцираше Маричиќ.

Маричиќ истакна дека довербата во правосудството може да биде подигната единствено доколку сите нови случаи кои излегле или ќе излезат да бидат процесуирани и така ќе докажеме дека навистина нема недопирливи во нашата земја.

Со моето доаѓање во Министерството за правда најавив дека за неколку месеци ќе објавиме методологија според која ќе се филтрира судството и обвинителството. Изработката на оваа методологија можам да кажам дека е во завршна фаза иако пандемијата малку не забави, но процесот е на крај, очекувам до крајот на годината таа да биде усогласена со Судскиот совет и Советот на Јавните обвинители, а исто така на 28 декември оваа година да биде одобрена од Советот за реформи во правосудството.

Маричиќ истакна дека очекува конкретни насоки и временски рамки од Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители како ќе ги прочистат своите редови и која ќе биде улогата на Државната комисија за спречување на корупција.

 

На крајот на своето денешно обраќање, Маричиќ изрази надеж дека ќе успееме преку механизмите на ЕУ што поскоро да го деблокираме почетокот на преговори за членство.

 

Ве уверувам дека тоа ќе биде значајно гориво, значајна поддршка на нашите институции за подобра работа, поефикасно постапување и повеќе успеси бидејќи навистина е фрустрирачки 16 години да чекаме во чекалната за почеток на преговорите. Спремни сме и заслужуваме да ги започнеме преговорите, потенцираше Маричиќ.

Next Post

Нацоски: Италијанската публика ги обожува македонските песни, да се гордееме со нашиот уникатен и преубав мелос

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk