ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нацоски: Италијанската публика ги обожува македонските песни, да се гордееме со нашиот уникатен и преубав мелос

December 9, 2020 17:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Фоајето на Националната опера и балет вечерва публиката ќе има можност да го проследи концертот „Везилка“ на познатиот македонски оперски пејач Благој Нацоски, кој веќе долго време живее и работи во Италија. Нацоски е врвен уметник чии оперски изведби бележат огромни успеси во сите оперски куќи во Италија па и пошироко, но во текот на овој месец токму македонските слушатели ќе имаат можност во живо да ги проследат настапите на нашиот најпознат тенор, и да уживаат во неговите неповторливи изведби.

Нацоски студиите ги завршил во Италија, а веднаш потоа токму оваа држава ја избрал како место за живеење, но и за професионално надградување. Во интервју за МИА Нацоски вели дека Италија „мириса“ на опера.

За да се изведува успешно операта, особено онаа од италијанските композитори, тој појаснува дека е есенцијално да се познава во сржта италијанскиот јазик, да се дише воздухот што го дишеле тие, да се јаде храната што расте на тоа поднебје, да се видат пејзажите што им биле инспирација при творењето.

Во неговите музички изведби слушателите можат да уживаат и на социјалните мрежи, каде тој често објавува видеа како пее македонски песни. Во овие видеа подеднакво уживаат и Италијанците но и луѓе од други земји, кои, како што појасни Нацоски, ги обожуваат македонските песни.

-Само добивам коментари од Италијанци, но и од други земји, околу убавината на македонските песни. „Леле, што е тоа што пееш“, „Ау, кажи ми за што се пее во таа прекрасна песна“… Впрочем, ако имаме нешто што може да се гордееме во Македонија тоа е токму нашиот мелос, вели пејачот.

Сепак, пандемијата со коронавирусот најмногу ги погоди токму уметниците од целиот свет. Беа откажани речиси сите планирани настапи и концерти, а на Нацоски годинава му беа откажани педесетина настапи во Италија, Шпанија, Јапонија, Македонија, Швајцарија..
Според него, најтрагично е тоа што уметниците живеат во неизвесност, затоа што, како што вели, властите обрнуваат најмалку внимание на нив.

-Најтрагично е што се‘ уште ние уметниците живееме во неизвесност, од страна на властите во сите земји, со ретки исклучоци, се има најмалку внимание за нас. Политичарите не не ни споменуваат како категорија, како уметноста да не е работа за тој што се занимава со истата, појаснува Нацоски за МИА.

Но дури и во моментите на најголемиот карантин, тој вели дека неговата ведрина и оптимизам не го напуштија.

-Можеби малку тага ми дојде во моментот кога беа повлечени рестрикциите и кога повеќето од луѓето се враќаа на своите работни места, што значи на своите навики, а за нас изведувачките уметници не важеше тоа бидејќи не можеше да се настапува, додава оперскиот пејач.

Концертот што Нацоски вечерва ќе го одржи е во рамки на „Денови на македонска музика 2020“, а во текот на месецов планирани се и други негови настапи и изведби во просториите на Националната Опера и Балет.

Next Post

Николовски: Владата отвори фронт во битката против корупцијата

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk