ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Бугарскиот нож се скрши во македонската мека погача

Не се ни оддалеку безначајни придобивките од бугарската блокада. Се потврди и разобличи хегемонистичката позиција и аспирациите на бугарската политика, но уште поочигледна стана кусогледоста на бугарските политичари. Борисов и Каракачанов се претставија како политичари кои се грижат за својата и само за својата фотелја и, не бирајќи средства, го прокоцкаа имиџот на својата земја пред целата светска јавност. И ова нема да биде заборавено. Секако, треба да се прости, но никако и да се заборави.

December 9, 2020 19:55
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

За среќа, ножот в грб што нашата земја го доби од својата сестра Бугарија, се скрши во меката македонска погача. Имено, македонскиот политички и дипломатски врв му даде одговор на апсурдното однесување на бугарското државно раководство што ќе остане запаметен во поновата историја на Европа. Исто како и повеќе пати до сега, македонската страна покажа одмереност, добра намера, искрено подавање рака на пријателството и соработката. Тотално европски, се разбира, со неизбежниот македонски шмек (Geschmack). Лидерскиот став и успехот да се одолее на популизмот и национализмот со мекост, насмевка и мудрост, па и малку итрина, беше придружен со цврста доследност кон принципите кои ја штитат македонската самобитност.

Исто толку значајно е што тие две позиции, одмереноста и доследноста, не беа придружени со удирање в гради, популизам, нервоза, отровни изјави, а ниту со плачење или мрчење. Насмевка, отвореност за разговор, трпеливост и такт се само дел од атрибутите за македонскиот официјален одговор на големите предизвици кои со децении се туркаа под балканската валкана черга.

Македонскиот одговор направи остар контраст со бугарската страна која се прикажа во сиот свој колорит на балканштината од минатото. Северна Македонија конечно е лидер во регионот, не „оаза на мирот“, туку креатор на мирот, покажувајќи му на светот дека Балканот умее и може поинаку.

Наспроти вревата од антиевропските ајдучки чети кои дефилираат по бојното поле на социјалните мрежи, секако и на автомобилските паради низ Скопје, прогресивниот дел од македонската јавност се соочи со предизвикот со сета зрелост и проникливост. Истовремено, ЕУ, како никогаш до сега, ѝ даде едногласна поддршка за Северна Македонија и без ни малку двоумење го осудија бајатото однесување на Бугарија.

Сојузна Република Германија, канцеларка Ангела Меркел и повеќе високи државни и политички претставници на најмоќната европска држава, кои своите ставови ги искажаа директно и јасно, без дипломатски флоскули, заслужуваат посебна благодарност, не само од премиерот Заев, туку и од целата македонска јавност. Јасно е дека Европа, а особено Германија, нема да заборави дека една земја аспирант покажа неспоредливо повеќе европски манири и политичка зрелост и мудрост, отколку земја членка на ЕУ.

Нашата јавност има капацитет, само треба подобро да го искористи, тој европски дух да го поддржи – на популизмот, национализмот и робувањето кон минатото да возврати со европски вредности, конструктивност, доследност и поглед кон иднината.

Навистина, ако се погледне малку подалеку од носот, ќе се види дека македонската страна им одржа лекција на бугарските политичари кои се фалеа со 1,400 години бугарска државност. И не е ниту прва, ниту последна препрека на долгиот пат кон Европа. Нашата земја, веднаш по враќањето на демократијата и решавањето на крупните политички проблеми и спорови, доби многу сојузници во развиениот демократски свет. Со ваквото однесување ние заслуживме да не бидеме оставени сами покрај шините. Извесно е дека економски, политички и безбедносни проблеми ќе има уште, но до влегувањето во „рајската ЕУ градина“ (претерувањето е намерно и добронамерно иронично), ќе имаме поддршка од најголемите, најмоќните и најбогатите демократски држави во светот.

Не се ни оддалеку безначајни придобивките од бугарската блокада. Се потврди и разобличи хегемонистичката позиција и аспирациите на бугарската политика, но уште поочигледна стана кусогледоста на бугарските политичари. Борисов и Каракачанов се претставија како политичари кои се грижат за својата и само за својата фотелја и, не бирајќи средства, го прокоцкаа имиџот на својата земја пред целата светска јавност. И ова нема да биде заборавено. Секако, треба да се прости, но никако и да се заборави.

Уште една голема придобивка од оваа битка од која ни оддалеку не излеговме поразени, е тоа што македонското општество покажа сплотеност која ги премости етничките граници. Без оглед на етничката припадност, интелектуалците, дел од политичките претставници и јавните личности застанаа во одбрана на македонската самобитност.

Сосема очекувано, уште еднаш се покажа кусогледоста и деструктивноста на ултранационалистите од редовите на партијата (и нивните раскантани приколки) што деновиве беше директно посочена како центар за дезинформации и на меѓународно ниво, од Европскиот парламент. Тие, како и во сите историски одлуки и процеси кои беа започнати во изминатите четири години, по падот на режимот, беа и останаа во ендекот на Груевски и Фамилијата.

Оваа немила епизода со Бугарија чиј рок на траење е пократок од бугарски парфем, ќе им помогне и на бугарското и на македонското општество. Бугарската блокада го означи почетокот на болниот, но неизбежен процес на соочување со минатото. Бугарија не може да му побегне на своето минато, како што е про-нацистичката власт за време на Втората светска војна. Истовремено, и македонското општество веќе не може да си го дозволи луксузот да спие под стреата од стиропор, на перниците од митови и бајки на кои популистичката и лажлива власт на режимот на Груевски го успиваше духот на македонските граѓанки и граѓани.

А Бугарија? Допрва ѝ претстојат тешки денови во кои ќе ѝ недостига една македонска мудрост и европски манири. Тие денови се одамна зад нас. Ја оставивме и Бугарија далеку. Само уште себеси да се надминеме и сé ќе биде в ред.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.
Next Post

Заев: Како членка на НАТО - Северна Македонија ги спроведува највисоките стандарди во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk