ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарија: Захариева бара хероите да бидат заеднички, а не бугарски

December 11, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека најголемиот проблем во односите со Северна Македонија се недоволните гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Во интервју за германскиот јавен сервис АРД дадено на почетокот на декември, а објавено вчера, Захариева вели дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се’ додека тие гаранции не станат дел од  Преговарачката рамка. Дел од нив треба да биде и признавањето на „историската вистина“, како што ја формулира Захариева и притоа алудира дека во државната политика на Северна Македонија се уште владеат „тоталитарни методи“, пренесеува Дојче веле.

„Бугарија сака да биде признаена историската вистина. Тоа не беше проблем за Северна Македонија кога се потпишуваше Договорот – тоа заедничко минато кое треба да не’ поврзува, а не да не’ разделува.”

„Ние не велиме: Овие херои се само наши. Ние велиме: Тоа се заеднички херои.
Тоа е модерно размислување на две земји, особено доколку сакаат да бидат заедно во ЕУ. Не може секојпат кога некој во Северна Македонија јавно ќе каже дека некој од овие херои бил Бугарин, да биде јавно линчуван. 30 години по падот на тоталитарните режими, тоталитарните методи и пристапи не смеат да бидат државна политика“, вели Захариева за АРД.

Втората забелешка која ја изнесува Захариева се однесува на историските учебници во Северна Македонија.

„Во учебниците во Северна Македонија Бугарите се’ уште се претставени како фашисти. Како би се чувствувале Вие, кога 75 години по војната некој се уште би ве претставувал како фашист?”

Понатаму во разговорот, бугарската министерка во два наврати ја образложува потребата од вметнување на бугарските барања во Преговарачката рамка, иако тоа беше одбиено од актуелниот претседавач со ЕУ, Германија.

„Не сакаме да ја блокираме Северна Македонија. Но доколку во Преговарачката рамка немаме никакви гаранции, невозможно е да се каже ‘да’. Сеедно дали од сегашното или идното претседателство на ЕУ, доколку нашите предлози бидат ставени за дискусија во Преговарачката рамка, Бугарија ќе биде во можност да каже ‘да’.”

Според Захариева, со тоа нема да се направи преседан во ЕУ затоа што, како што тврди, билатерални услови биле вметнати и во Преговарачката рамка на Хрватска.

„Северна Македонија очигледно не е подготвена, договорите за пријателство, добрососедство и соработка да бидат надгледувани и да станат дел од Преговарачката рамка. Кога некој во С. Македонија вели дека ќе се придружува до договорот со Бугарија, иако во моментов не го почитува, зошто е проблем, добрососедските односи – еден хоризонтален мастришки критериум – да се вметнат во Преговарачката рамка? Постојат такви текстови во Преговарачката рамка на Хрватска. Тоа не е преседан“, вели Захариева во интервјуто за АРД. / Дојче веле /.

Next Post

Нова средба на тутунарите, откупувачите и министерот Хоџа – се очекува решение за проблемите со откупот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk