ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Семејното насилство загрижувачко во Тетовскиот регион, за три дена четири пријавени случаи

December 11, 2020 16:11
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Маж тепал жена, татко тепал син, а син ги нападнал и родителите и жената. Вака звучат само дел од многуте случаи на семејното насилство, кој станува загрижувачки феномен во Тетово и околината. Речиси да нема ден а во билтенот на СВР Тетово да нема барем еден регистриран случај од ваква пријава. Насилството врз членовите на најтесното семејство расте се повеќе а во најголем број од случаите жртвите се жени. Само за три дена во Тетовскиот регион регистрирани се четири случаи на напади или насилство од најблиски членови на семејството.

Само вчера во тетовската полиција биле пријавени два случаи на семејно насилство. Во првиот случај триесетгодишна жителка на тетовско село вчера во 18 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг Ф.М. Во 20 часот и 45 минути пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Полицијата информира дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. Подоцна, околу 22 часот и 10 минути приведен бил Ф.И.(41) од Тетово, кој десетина минути пред тоа бил пријавен од неговата мајка дека се однесувал агресивно и им се заканувал на неговите родители и сопругата.

Ден претходно во тетовската полиција бил пријавен родител кој го нападнал неговиот син.

“Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (9 декември) околу 22 часот и 15 минути, во тетовска Платица, го лишиле од слобода 75-годишниот М.З. од ова село, кој претходно бил пријавен дека околу 20 часот во дворот од нивната семејна куќа физички го нападнал неговиот син Б.З.(32).Во нападот, според пријавеното, М.З. користел и дрвен предмет. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, а му биле одземени: ловечка пушка, пиштол, метален и дрвен предмет. Се расчистува и документира случајот”, стои во билтенот на СВР Тетово.

На 8 декември, триесет и четиригодишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа во нивниот семеен дом физички ја нападнал нејзиниот 35-годишен сопруг. Пријавениот набргу бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.

Овие случаи се регистрирани само во период од три дена, а последниот период има се повеќе такви случаи. Случаите кои се пријавуваат и процесираат од надлежните институции не се единствените кои реално се случуваат во овој регион. Неофицијално се зборува за многу повеќе случаи кои се јавна тајна, но истите не се пријавуваат во полиција. Како причина за молкот на многуте жртви на семејното насилство се споменуваат традиционалниот менталитет, срамот од предрасудите и стравот од понатамошните последици.

А. Зеќири

Next Post

Ќучук: Скопје и Софија да се вратат на темелите на Договорот за добрососедство

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk