ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

СЗО: Нема докази дека новата варијанта на коронавирусот се однесува поинаку

December 14, 2020 19:42
in ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светската здравствена организација денеска соопшти дека е запознаена со новата варијанта на коронавирусот, која се појави во Велика Британија, но дека нема докази дека овој вид се однесува поинаку од постојните видови на вирусот.

– Ние сме свесни за оваа генетска варијанта, која е пријавена кај 1.000 луѓе во Англија, рече директорот на програмата за СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан на брифинг со новинарите во Женева. Тој додаде дека официјалните лица го разгледуваат неговото значење.

– Видовме многу варијанти, овој вирус се развива и се менува со текот на времето, рече Рајан.

Претходно денеска  британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот. Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.

Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.

– Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области, и бројот рапидно расте, рече тој.

Хенкок рече дека е известена Светската здравствена организација.

Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност. /МИА/

Next Post

Ердоган: Од 31 декември петдневен целосен „локдаун“ во Турција

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk