ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Електорите официјално потврдија – Бајден победи, Трамп изгуби на изминатите претседателски избори 

December 15, 2020 08:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако електорите од Калифорнија синоќа ги дадоа нивните 55 гласа за поранешниот потпретседател, Џо Бајден, тогаш тој и официјално беше прогласен за победник на изборите.  

Конгресот ќе го потврди гласањето на колеџот на електори на 6 јануари, а две недели подоцна, на инаугурацијата, Бајден ќе даде заклетва како 46-ти претседател на САД. 

Вчерашното гласање на електорите и официјано ја потврди победата на демократот Бајден, нешто што се знаеше и многу порано. Во државите како Мичиген, Пенсилванија, Џорџија, Висконсин и Аризона, каде актуелниот претседател Доналд Трамп ја оспоруваше победата на својот соперник, но неуспешно, електорите ги дадоа своите гласови за Бајден. 

Ако изминатите неколку изборни циклуси завршуваа со гласање на колеџот електори како само формална процедура, годинава тоа доби примеси на драма. Поради гласните повици на Трамп дека изборите били масивно фалсификувани, а викендов, имаше и напнати сцени со протести на поддржувачите на актуелниот претседател во повеќе градови низ САД (главно во државите каде тој ги оспоруваше резултатите). Вклучително и во престолнината Вашингтон, каде полицијата се судри со некои протестанти, а имаше и повредени. 

Веднаш по завршувањето на гласањето, откако и последната држава, Хаваи, ги даде своите четири гласа на Бајден, кој вкупно доби 306 (без ниту еден електор да премине на страната на Трамп), новизбраниот претседател се обрати до јавноста. 

Во своето обраќање од Вилмингтон синоќа, Бајден остро ги искритикува претседателот и неговите поддржувачи за нивниот напад врз гласачкиот систем на земјата.  

Напорите на републиканците да го донесат случајот до Врховниот суд и да побараат од судот да ги поништи резултатите на овие претседателски избори, според него „е толку екстремна и досега невидена позиција’.  

Порача дека дојде време „да се сврти страницата“ и ги пофали официјалните лица кои вредно работеа изборите да се оддржат и да се запазат сите процедури. 

-Тие беа чесни, беа слободни и фер. Тие го видоа тоа со своите очи. И  нема да бидат застрашени и натерани да кажат нешто друго, рече тој. 

-Ако некој тоа го знаеше и претходно, ние го знаеме и сега. Тоа што длабоко во срцата на американскиот народ е демократија. Правото да се биде слушнат, гласот да биде вклучен. Да се изберат лидери на оваа нација, да се управува самостојно, изјави Бајден во своето обраќање. 

Next Post

Истекува рокот за искористување на ваучерите за домашен туризам

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk