ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Политички аналфабети

December 15, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Повторно сме сведоци – којзнае кој пат по ред – на уште една погрешна калкулација на ВМРО-ДПМНЕ: врз основа на бугарското евро-вето за Македонија, се обидуваат да направат политички профит за себе!

Бреее, целово опозициско раководство треба да се вратат во второ-трето одделение каде што се учи политика, негде околу усвојувањето на азбуката, бидејќи е неверојатно како не успеваат да антиципираат елементарни работи во професијата со која, наводно, сериозно се занимаваат.

Прво, македонската „постбугарска“ евро-траума во моментов е таква, што на домашната јавност, политички исцрпена и во состојба на ментален и емотивен стрес, со манифестација на силна вознемиреност, ѝ треба смирување, пауза во емотивното растројство, поддршка за закрепнување, позитивна мисла и надеж. Земете кој било прирачник за третман на пост-трауматски стрес, таму се опишани сите можни стратегии за „лекување“ на таквата состојба и никаде нема да наидете на совет траумата да се лекува со – предизвикување нова, уште поголема траума! Тоа е точно ова што сега го прави опозицијата, чепкајќи со „жилетот“ на својата посакувана политичка одмазда кон власта, по свежата рана на нацијата. Дотураат сол, таму каде што треба да се мачка со мелем.

Второ, нема начин како нивните напади врз македонската власт да не бидат исти како и тековните обвинувања на бугарската власт на македонска сметка: ако ги покриете имињата што се појавуваат во вестите по медиумите, може ли некој да направи суштинска разлика во она што го говорат на истата тема Красимир Каракачанов и Александар Николовски, на пример? Нема разлика: иста ароганција, слична реторика, иста агенда – да се сруши власта во Скопје, за да се сврти вниманието од вистинските провокатори за настанатата криза.

Трето, Заев, со право, е разочаран од постапките на своите пријатели во Софија. Но, одговорот на тоа не е – да се нема пријатели во Софија! Ни во Белград, ни во Атина, ни во Приштина, ни во Тирана… Така сигурно нема да бидете разочарани од никого, ако мислите дека таквата политика е добра за нацијата.

Четврто, очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ, и овој пат, НЕМААТ ПОИМ што се случува „зад сцената“ на овој европски дебакл. Очигледно, тие мислат дека големите европски сили и САД го рекле последното по повод ваквото „европско“ поведение на Софија. Па – видовме и чувме! – дека ни Бојко Борисов (со избрани зборови) не го мисли тоа…

Ништо ли не научи нашата опозиција од процесот на преговори за падот на Груевски, за постигнување на Преспанскиот договор, за успехот на референдумот (sic!), од поразот на неколку избори наназад и за формирањето и опстојувањето на сегашната власт?! … Просто, човек да остане без зборови!

Опозицијата како да инсистира на тоа да не се востанови како политичка алтернатива на оваа власт, дури кога власта е доведена во ситуација на дефанзива. Со ваква опозиција, СДСМ има, практично, неограничени можности да ги поправи сите грешки (и разочарувања) што ги прави во владеењето.

Во недостаток на одржлива, долгорочна, кредибилна визија за земјата, опозиционерите итаат по брзи резултати што се надеваат да ги постигнат со протести, бојкоти, инаетења, афери, дискредитации, измислици, прозивки, поделби, бесмислени условувања и жестоки прес-конференции… И потоа се чудат и дополнително се фрустрираат зошто таквата „политика“ нема подолгорочен ефект, ниту во значаен дел од домашната јавност, а секако не кај оние кои се проверени партнери и пријатели на Македонија на нејзиниот, бездруго, мачен евро-атлантски пат.

Наскоро ќе помине и оваа, неславна, 2020 година, која сите сакаат што побрзо да ја заборават. Опозицијата, упорно, не го дозволува тоа. Пак ќе се најдат затечени кога ќе се стави крај и на пандемијата, а и кога ќе се надмине сегашното бугарско вето на патот кон ЕУ. Наместо уште сега да се обидат да се вградат во решенијата, тие ќе продолжат да чепкаат по „крастите“ на националните тегоби, очекувајќи поинакви политички резултати за себе од досегашните.

ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишен проблем со својот бренд. Таков проблем не се решава со агресивен дневен маркетинг; туку со темелна промена на наративот на брендот.

Кој знае, разбрал. Кој не знае – ја креира сегашната политика на партијата што не е на власт во Македонија.


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk