ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Поддршка од 420 милиони евра од СБ во наредните четири години

Една од програмите за кои ќе има поддршка од Светска Банка е подобрувањето на бизнис околината.

November 20, 2019 12:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во следните четири години Светска Банка (СБ) ќе го поддржи економскиот развој во Северна Македонија со повеќе програми во вкупна вредност од околу 420 милиони евра, а во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се подготвува тендер за ХЕЦ Чебрен за следниот месец, пренесе МИА.

Тоа го соопшти  вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по средбите во Вашинготн со Сирил Милер, потпретседателот на групацијата СБ задолжен за Европа и Централна Азија и со Џорџина Бејкер, потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите.

На средбите во Светска Банка, покрај средбата со потпретседателот Милер,  реализиран е и работен состанок со работната група за најдобри светски практики во финансирањето и подигнувањето на конкурентноста, пред се во насока на имплементација на Програмата за иновативност и конкурентност за наредните четири години, а која ќе биде поддржана од Светска Банка.

Една од програмите за кои ќе има поддршка од Светска Банка е подобрувањето на бизнис околината.

– Активностите ќе опфатат подобрување на транспортните капацитети, патиштата, модернизација на земјоделството, подобрување на животната средина, а како особено важен сегмент би го издвоил подобрувањето на капацитетот за воведување иновации и подигнување на конкурентноста на македонските компании. Иновациите и подигнувањето на конкуретноста се особено важни за индустријализацијата на нашата земја и се обидуваме програмата на Светска Банка да ја усогласиме со мерките кои веќе се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Програмата за поддршка на микро, малите и средни претријатија на Фондот за иновации и технолошки развој. Светска банка во декември ќе реализира мисија во Северна Македонија, каде ќе ги финализираме разговорите за усогласување на програмите, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Тој додаде дека на состанокот со потпретседателот на СБ Милер  е отворена и тема за учество на оваа организација во Фондот за енергетска ефикасност, кој би се формирал по усвојување на Законот за енергетска ефикасност. Преку овој Фонд би се овозможил пристап до финансиски средства на македонските компании за да енергетски ефикасно ги унапредат своите производствени процеси.

На средбата со потпретседателката на ИФЦ, Џорџина Бејкер, е разговарано за реализација проектите за хидро електраната Чебрен и за поврзување на странските компании со домашни добавувачи.

-Со ИФЦ постигнавме договор и согласност до крајот на декември да се распише тендерска постапка под променети и пазарни услови. ИФЦ веќе долги години има сознанија за овој проект, а очекувам со измените кои заедно со ИФЦ ги работиме изминатите шест месеци, конечно, по девет неуспешни тендери да имаме успешен тендер за реализација на овој значаен енергетски проект. Изгледите тоа да се случи се големи, оптимизмот постои и кај Владата на Република Северна Македонија и кај ИФЦ , нагласи Анѓушев.

Претходно, вицепремиерот учествуваше на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии – нови перспективи“ која се одржува во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини.

Next Post

Дипломатскиот синдикат реагира на огласот за избор на дипломати во ДКП

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk