1. Тепачка околу вакцините
Како што првите вакцини ќе станат достапни во количини, фокусот ќе се префрли од херојскиот напор за нивното развивање кон еднакво застрашувачката задача за нивна дистрибуција. Дипломатијата за вакцините ќе ги пропрати битките во и помеѓу земјите за тоа кој треба да ги добие и кога. Непредвидлив фактор: колку луѓе ќе одбијат вакцина кога ќе им биде понудена?
2. Променливо економско закрепнување
Како што економиите ќе се враќаат од пандемијата, закрепнувањето ќе биде мешано, како што локални епидемии и ограничувања ќе доаѓаат и ќе си заминуваат – а владите мака мачат компаниите да ги одржуваат во живот и помагаат на работници кои ги изгубиле своите работни места. Јазот меѓу силните и слабите фирми ќе се прошири.
3. Санирање на новиот светски неред
Колку ќе може Џо Бајден, новоинсталиран во Белата куќа, да поправи меѓународен поредок заснован на правила кој се распаѓа? Парискиот договор за климатски промени и иранскиот нуклеарен договор се очигледни појдивни точки. Но распаѓањето му претходеше на Доналд Трамп, а ќе го надмине и неговиот мандат.
4. Повеќе тензии помеѓу САД и Кина
Не очекувајте г-дин Бајден да ја откаже трговската војна со Кина. Наместо тоа, тој ќе сака да ги поправи односите со сојузниците за поефективно да ја води. Многу земји од Африка и Југоисточна Азија прават сé за да избегнат завземање страна со зголемувањето на тензиите.
5. Компаниите на линијата на фронтот
Друг фронт за конфликтот помеѓу САД и Кина се компаниите и тоа не само очигледните примери со Хуавеи и ТикТок, како што бизнисот станува сé повеќе геополитичко боиште. Покрај притисокот од горе, газдите се соочуваат и со притисок одоздола, како што вработените и потрошувачите бараат тие да завземат став во однос на климатските промени и социјалната правда, каде што политичарите имаат сторено многу малку.
6. По технолошкиот бум
Во 2020 година, пандемијата го забрза усвојувањето на многу технолошки аспекти на однесувањето на луѓето, од видео конференции и онлајн купување, до работа и учење од далечина. Во 2021 година, степенот до кој овие промени ќе останат, или ќе се вратат, начините на комуникации ќе станат појасни.
7. Помалку безгрижен свет
Туризмот ќе се смали и ќе го промени обликот, со поглемо нагласок на домашниот туризам. Авиокомпаниите, хотелските ланци и производителите на авиони ќе се соочат со потешкотии, како и универзитети кои во голема мера се потпираат на странски студенти. Културната размена, исто така, ќе страда.
8. Можност за климатските промени
Еден надежен аспект среде кризата е можноста да се преземе акција за климатските промени, со инвестирањето на владите во планови за зелено закрепнување за создавање работни места и намалување на емисиите. Колку амбициозни ќе бидат ветувањата за намалување на емисиите на земјите на конференцијата за климатските промени на ОН, која што се одложи во 2020 година?
9. Годината на дежа ву
Тоа е само еден пример за тоа како можеби ќе се чувствува претстојната година, во многу аспекти, како второ гледање на 2020 година, како што настани како што се Олимписките игри, Дубаи Експо и многу други политички, спортски и комерцијални собири ќе се обидуваат да отворат една година по планираното. Не сите ќе успеат.
10. Предупредување за други ризици
Академци и други аналитичари, многу од кои предупредуваа со години за опасноста од пандемија, ќе се обидат да ја експлоатираат малата можност и да ги натераат креаторите на политики да ги сфатат посериозно другите запоставени ризици, како што се отпорноста кон антибиотиците и нуклеарниот тероризам. Да им посакаме среќа.
Претстојната година ветува да биде особено непредвидлива, имајќи ги во предвид интеракциите помеѓу пандемијата, нерамномерното економско закрепнување и нескротливите геополитики. Оваа година, се надеваме, ќе ви помогне да ги подобрите вашите шанси при управувањето со претстојните ризици и можности.
Tom Standage: Editor, The World in 2021
превод: Н. Цветковска / ЦИВИЛ МЕДИА