ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РСЕ: Словачка, Чешка и Австрија – премногу ѝ се попушта на Бугарија, блокирани заклучоците на ЕУ

December 17, 2020 14:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучоците за Западен Балкан не се усвоени, дознава Радио Слободна Европа од доверливи дипломатски извори во Брисел. За нив не се ни расправало, бидејќи денеска стана јасно дека нема едногласност за содржината на завршните заклучоци. Како што претходно потврдија дипломатски извори за РСЕ ова прашање е целосно симнато од агендата, откако некои земји членки на ЕУ утрово имаа забелешки за јазикот кој е користен во поглавјето за добрососедските односи.

Конкретно, заклучоците за Западен Балкан повторно влегоа во ќорсокак бидејќи некои земји членки на Европската унија сметаат дека опфаќањето на историскиот контекст во официјалните документи на Европската унија создава нов преседан, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија вчера се согласија за завршниот текст, а во заклучоците, како што се брифира, се задоволени барањата на Бугарија, па тие влегоа во процес на усвојување.

Меѓутоа, како што јавува дописничката на РСЕ од Брисел, повеќе дипломатски извори поврдуваат дека дошло до промена на ситуацијата откако тој документ го прочитале надлежните официјални лица во некои држави членки. Според изворите од Брисел, Словачка со поддршка на Чешка и Австрија, сметаат дека „премногу и се попуштило на Бугарија“, во текстот на завршниот документ.

За потстетување, во усогласениот текст се наведува дека треба да се избегнуваат „изјави и работи кои негативно ќе влијаат на добрососедските односи и мирното решавањето на споровите“. Исто така во текстот се наведува неопходноста од имплементација на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија и се нагласува важноста од нивната понатамошна примена.

„Овие два главни чекора треба ефективно да стават крај на сите обвинувања засновани на погрешно толкување на историјата“, се вели во нацрт-заклучоците.

Инаку Бугарија го блокираше усвојувањето на годишните заклучоци за Западен Балкан поради билатералниот спор со Македонија. Заклучоците за Западен Балкан редовно се усвојуваат на министерско ниво меѓутоа на последниот состанок на осми декември тоа не беше можно поради бугарската блокада.

Извор: Радио Слободна Европа

Next Post

Посадени 20 дрвца донација од Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Северна Македонија

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk