ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Посадени 20 дрвца донација од Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Северна Македонија

December 17, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денешното садење дрва на улицата Васил Главинов, се совпаѓа со последниот ден од осумдневното одбележување на празникот Ханука.  Чинот на садење дрво во себе содржи повеќезначна и мултидимензионална симболика. Едно од нив е раѓање на нов живот. Затоа во име и од почит кон Евреите од Македонија кои се приклучија во НОБ, садиме и создаваме спомен парк кој ќе нѐ потсетува на храброста, сплотеноста и оптимизот со кој беа тие водени, истакнуваат од Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Северна Македонија.

„Празникот Ханука нè учи за борбата за слобода и идентитет, но и за чудото кое се случило при осветување на вториот храм кога храбрите Макабејци ги победиле Елените. Маслото кое горело во разрушениот храм било доволно за само еден ден, но се случило чудо и маслото горело 8 денови, па затоа Ханука се нарекува празник на светлината и чудото и ја славиме 8 денови.

Садењето дрва означува и вечност и е опишано во Талмудот, во кој вели:

„Еден човек садел дрво. Случаен минувач го прашал: Колку време ќе треба за да ги уживаш плодовите од дрвото? Човекот кој го садел дрвотот одговорил: 70 години.

Минувачот зачудено запрашал: Зарем мислиш дека ќе живееш толу долго?

На ова човекот одговорил: Најдов многу дрвја кои моите претци ги засадиле за мене, јас садам за моите деца!“

Но исто така садењето на нови корени асоцира на длабоките корени кои Евреите ги имаат во Македонија, земјата во која живееме и создаваме. Со губењето на листовите на есен и со нивното повторно разлистување на пролет, дрвата симболизираат еден животен циклус. Во плодовите на дрвото има семе од кое се раѓа нов живот. На тој начин, дрвото не е само симбол на животот туку е и симбол на бесмртноста и на победата на животот над смртта преку ново раѓање. Денешниов чин на садење, симболично ги претставува нашите заложби да растеме и пуштаме корени и после траумата од холокаустот. Со здружението Го Грин Скопје ја садиме нашата надеж и оптимизам за подобра иднина за сите нас. Нивниот благороден и еколошки проект “Еко иновативни зони за почист воздух”  ја најавува зелената иднина на новите генерации за кои обезбедуваме здрава животна средина и ги едуцираме како да ја одржуваат традицијата проткаена со историското минато. Новите 20 садници, донација на Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија, влеваат надеж, верба и оптимизам за многу идни денови и години и нѐ потсетуваат на Ладино поговорката: Anisina topimos el mundo, Ansina lo vamos a deshar. Како го затекнавме светот, така и ќе го оставиме.“, стои во соопштението од Фондот на Холокаустот на Евреите

 

Next Post

ДВ: Меркел разговарала со Борисов и очекува решение „во блиска иднина“

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk