ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во кумановската болница хоспиталиизрани 93 пациенти, слободни 27 места

December 17, 2020 18:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Во кумановската општа болница хоспитализирани се 93 пациенти во трите Ковид центри, вклучително и пациентите од дневната болница, информираа денеска надлежните. Во болницата има 27 слободни места. Сепак, надлежните уште еднаш апелираа граѓаните да бидат дисциплинирани, да се грижат за сопственото и здравјето на блиските.

– Ако минатата недела имавме околу 119, во просек од 115 до 119 пациенти, оваа недела имаме благо намалување и ќе речам дека под 100 пациенти се веќе, 93 се денеска и имаме 27 слободни места во трите ковид оддели. Сепак не треба да се опуштаме, затоа што секое опуштање може да значи нов бран, а ова предолго трае, не само што персоналот веќе во континуитет работи во полна пареа, туку не е добро за здравјето на нашите граѓани, никогаш не знаете со каков тек ќе биде болеста, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

И покрај намалувањето, надлежните од болницата апелираа граѓаните дисциплинирано и одговорно да се однесуваат што ќе придонесе за дополнително намалување на бројката на заболените. Болницата е добро екипирана, се работи сменски и се пружа помош на заболените. Покрај интернистите, ангажирани се и лекари од други бранши кои работат под супервизија на инфектолозите и интернистите.

– Некоја ригорозна замена не можеме да направиме, сè додека имаме три пункта мора да се менуваат по смени доктори и од другите бранши. Во моментот немаме проблем со персонал иако ќе кажам дека се случува некој да излезе позитивен. Имаме и случаи каде членови на ниво семејство останале позитивни и медицинскиот персонал мора да остане дома во изолација. Правиме ротации, се снаоѓаме, но не се случило да дојдеме во ситуација да не можеме да направиме смена и да остане местото непополнето, па да нема кој да работи во ковид одделите, така да немаме проблем од таа страна, вели Захариева.

Во болницата има три Ковид центри, инфективно кое е Ковид 1, невролошко одделение-Ковид 2 и одделение за уво, нос и грло – Ковид 3 центар. Претходно беше адаптиран и посебниот објект за патологија кој е наменет за дневна болница. Во меѓувреме интензивно се работи на просторот каде треба да биде лоцирана модуларната ковид болница, во непосредна близина на инфективно одделение./МИА/

Next Post

Чешка и Словачка не можат да прифатат „погрешно толкување на историјата“

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk