ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Малиот Јане Велковски на Светскиот ден на детето зборува за детските права во ОН

Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето, кој се поклопува со 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

November 20, 2019 20:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младиот Јане Велковски на #СветскиотДенНаДетето зборува за детските права во Обединетите Нации. Наша гордост, напиша министерката за труд и социјална политика. Слушајте го во живо на следниот линк .

На овогодишниот Светски ден на детето, единаесетгодишниот Јане Велковски, застапник за деца со попреченост од Северна Македонија, му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, каде што деца и млади ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата.

Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето, кој се поклопува со 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

– Навистина сум многу возбуден затоа што ова е огромен настан. Но истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот – рече Јане.

Toj ќе учествува во интерактивниот дел во кој ќе бидат претставени деца-застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добрата волја. Тој ќе зборува заедно со други четири деца на панел-дискусијата „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.

– Јане е инспирација за сите нас и пример што може да постигнат децата ако им се даде фер шанса. Многу сме горди што токму тој ќе ја сподели својата порака со светските лидери. Тој ни покажува дека, како и секое дете, децата со попреченост во себе носат потенцијал за среќен, исполнет живот, витално учество во заедницата и давање свој придонес за да изградиме инклузивни и одржливи општества за сите – рече Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Next Post

Судот го одби барањето за издавање на времени пасоши на Камчев и Панделески

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk