ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Крихбаум: Развојот на настаните е крајно опасен и ова им го кажав многу јасно на нашите бугарски пријатели

December 19, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Гинтер Крихбаум е претседавач на комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ на канцеларката Меркел. Во разговор за Дојче веле го коментира бугарското вето врз С. Македонија во ЕУ.

ДВ: Како го коментирате бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ?

Крихбаум: За жал, стана лоша навика меѓудржавните спорови во текот на проширувањето на ЕУ да се претвораат во европски проблем. Тоа можевме да го видиме и при влезот на Хрватска со спорот околу Пиранскиот Залив или во процесот на пристапување на Србија, каде што Хрватска се спротивстави. Ова е развој што е крајно опасен и ова им го кажав многу јасно на нашите бугарски пријатели.

ДВ: Како го коментирате молкот на Европската народна партија (ЕПП), чија членка е Вашата ЦДУ, но и владејачката бугарска ГЕРБ, на оваа тема?

Во дипломатијата не е секогаш препорачливо сите разговори да се пренесуваат во јавност. Но, се разбира, ЕПП исто така е многу ангажирана во потрагата по брзо решение.

ДВ: Како ја гледате улогата на Германија во овој процес?

Долги години, Германија интензивно работи на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и го иницираше таканаречениот „Берлински процес“ за оваа намена. За нас, европската перспектива на целиот регион не е доведена во прашање. Канцеларката Ангела Меркел во средата, за време на пратеничките прашања во Бундестагот, ме увери дека е во постојан контакт со бугарскиот премиер на оваа тема.

ДВ: Што да прави Северна Македонија доколку блокадата на Бугарија продолжи на неодредено време?

Северна Македонија во ниту еден случај не смее да се откаже или да ги запре итно потребните реформи. Токму спротивното. Земјата преку храбри реформи треба да покаже дека сака да стане дел од Европската унија. Патем, овие реформи и борбата против корупцијата немаат за цел да задоволат никого во Брисел или Берлин. Тие им служат на луѓето во Северна Македонија кои сакаат да бидат дел од Европа.

Next Post

Царовска: Наставници ќе може да аплицираат за наставник-советник, како највисоко ниво во кариерата

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk