Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи објави дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.
„Нù остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.
Останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за да може Македонија да стане полноправна земја членка на НАТО. Во Шпанија неодамна се одржаа избори и се уште нема формирано влада.