ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Форум за евроатлантските вредности низ призмата на образовниот процес

December 21, 2020 10:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн форум на тема „Евроатлантските вредности и општествените предизвици низ призмата на образовниот процес“ ќе биде одржан денеска во организација на ГАУС Институт – Фондација за нови технологии.

На форумот ќе се дебатира за тоа како се изучува НАТО во Република Северна Македонија, а како во Југоисточна Европа по наставните предмети Историја и Граѓанско образование, кои материјали се користат во наставата,…

Форумот ќе биде поделен во неколку панели, а во воведниот дел ќе говорат шефот на Канцеларија на НАТО во РСМ полковник Зоран Јанковиќ, идниот македонски амбасадор во НАТО и сегашен советник за евроатлански прашања на премиерот Дане Талевски, претседателот на Евроатланскиот клуб на Бугарија, Соломон Паси и проф. Игор Неделковски, проректор на УКЛО и претседател на ГАУС Институтот за нови технологии, иновации и трансфер на знаење.

За евроатланските вредности и современите општествени предизвици ќе говорат Моника Беговиќ, претседател на Евроатланскиот клуб од Хрватска, проф. Драган Ѓукановиќ од Белградскиот Универзитет и амбасадорката Елена Поп Тодорова, потпретседател на Евроатланскиот клуб на Бугарија.

На вториот панел, на тема „Евроатланските вредности и образовниот процес“ ќе се осврнат проф. Татјана Стојановска Иванова од Филозофскиот факултет при УКИМ-Скопје, проф. Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев„-Штип, Александар Стојчев, раководител на Воениот музеј при Министерството за одбрана и Весела Богдановиќ, експерт од ГАУС Институтот.

За време на Форумот ќе се промовира истражувањето „Северноатланската алијанса во образовниот систем на РСМ“ од Ило Трајковски и Александар Велјановски кое се издава во рамки на проектот финансиран од одделот за јавна дипломатија на НАТО.

Од истражувањето e согледано дека во образовните системи на сите земји се третира само воениот и историскиот аспект на Северноатлантскиот сојуз, ретко и неговата улога во развојот на демократијата, развојот на економијата и обидите за зачувување на светскиот мир и соработка помеѓу народите. Во наставата по предметите како Граѓанско образование, не се прикажани или многу малку се споменуваат придобивките на земјите со влегувањето во овој сојуз. Најчесто се потенцира безбедносниот аспект, но не и помошта на сојузниците во зачувувањето на природата, развојот на здравствениот систем, поддршката и економската помош во случај на елементарни непогоди и несреќи, отворањето на нови работни места со вклучувањето на економијата. Исто така, НАТО-сојузот и земјите членки меѓусебно се помагаат и поддржуваат и во функционирањето на големите системи, како што се образовниот, енергетскиот и во моментот еден од најзначајните – комуникацискиот систем.

Модератор на форумот ќе биде д-р Марјан Ѓуровски – проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола и професор на Факултетот за безбедност – Скопје.

 

/МИА/
Next Post

Забрана за летови од Велика Британија и 14 дена задолжителна самоизолација

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk