ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белгија се влошува ситуацијата, можен е огромен трет бран на пандемијата

December 21, 2020 12:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите параметри на епидемиолошката ситуација во Белгија се зголемуваат, а земјата ја надминува границата од 625.000 потврдени случаи на коронавирусот, предупредија претставници на Институтот за јавно здравје на земјата.

Во исто време белгискиот премиерот Александар де Кро укажа на можноста за нов бран на пандемијата на Ковид-19, доколку граѓаните не се придржуваат до пропишаните мерки во текот на претстојните празници.

– Ако секое петто семејство покани премногу луѓе за Божиќ, Белгија во јануари ќе се соочи со огромен трет бран, истакна Де Кро.

Институтот за јавно здравје информира дека по забележаното зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот во Белгија, имало и постепено зголемување на бројот на хоспитализации, но и на смртни случаи.

Во втората недела од декември дневно се бележат просечно над 2.500 новозаразени, што е зголемување за 13 проценти во споредба со претходната недела. Во болниците низ Белгија во моментов има вкупно 2.543 пациенти со коронавирус, што е за 16 повеќе од вчера.

Од нив 544 се на интензивна нега, што е за петмина повеќе од вчера.

Од 11 до 17 декември, во просек имало 92,7 смртни случаи дневно, што е зголемување за 0,2 проценти во споредба со претходната недела.

Вкупниот број на смртни случаи во Белгија од почетокот на пандемијата достигна 18.626.

 

/МИА/
Next Post

Првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” достапна за сите

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk