За еден месец во ФИТР потпишани 71 договор со вкупен износ од 3.112.339 евра, од кои 1.605.311 се ФИТР кофинансирање, а 1.507.028 кофинансирање на корисниците, напиша на Фејсбук директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.
Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште, истакна премиерот Зоран Заев,
Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.
Како што сега сме лидер во реформите во енергетиката, така во иднина преку практична реализација на енергетските објекти ќе бидеме лидери во енергетиката и во екологијата и во процесот на енергетска транзиција заради екологијата, порача денеска премиерот Зоран Заев
Пописот што треба да се спроведе следната година ќе чини осум и пол милиони евра и ќе биде за пет милиони евра помалку од пропаднатиот попис во 2011. Повеќе ќе се користат електронски уреди, отколку хартија, најави денеска премиерот Зоран Заев, презентирајќи ја иницијативата за европски стандарди дома.
Новиот вид на коронавирусот, што брзо се шири низ делови на јужна Англија, „има невообичаено голем број мутации, дури 22“, тврди британскиот вирусолог Венди Баркли.
Повеќедецениската дива депонија во населбата Мичурин од која годинава екипите на Град Скопје расчистија 15.000 кубни метри отпад, денес е нов зелен парк за граѓаните.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа прес конференција на која ги презентираше проектите и програмите од владината “Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година.
Австрија е многу разочарана што не беше постигнат договор за почнување на преговорите со Северна Македонија бидејќи наш став е дека билатералните и историските прашања треба да бидат оставени надвор од процесот на преговори. Северна Македонија направи се што беше потребно за почеток на преговорите и мислам дека би било фер што поскоро да се случи, порача сојузниот министер за Европа и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.
НАТО не е само воена и одбранбена туку и политичка алијанса базирана на споделени демократски вредности, кои треба да продолжат да се промовираат многу повеќе во земјите членки, но и и надвор од Алијансата, а во тој контекст образованието има важна улога. Ова беше истакнато на денешниот онлајн НАТО форум.
Владата потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, истата може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка, информираат владините служби.
Идната година и официјално започнува проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето, истакна премиерот Заев.
Министерство за животна средина и просторно планирање и Сојуз на стопански комори на Македонија, денес склучија меморандум за соработка, препознавајќи ја важноста на меѓусебната соработка и едновремено итноста да се обезбедат ефективни решенија за заеднички еколошки прашања кои ја поддржуваат потребата за одржлив развој.





