ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нашето ново место, првата линија на Фронтот

Ќе се обидеме заеднички да ги разбереме тешките одлуки во процесите за реформи и демократска трансформација на општеството. Да го изодиме тешкиот пат од клиентелистичко во општество во кое владеат европските и зелените вредности. Ова е Фронт против национализмот, омразата, радикализмот.

September 20, 2019 23:19
in МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Долго размислував, разговарав со многу луѓе од најразлични профили и решив, конечно, да испловам и да се впуштам во немирните и неизвесни води на македонскиот комерцијален медиумски простор. Ни оддалеку не помислувам да го напуштам својот општествен и граѓански ангажман во кој спаѓа и одговорната работа во ЦИВИЛ и во медиумската платформа на организацијата, на кои им оди подобро од кога и да е.

Тие што не ме познаваат доволно, ме прашаа како ќе успеам да бидам на две места во исто време. Мојот одговор беше: „Јас секојдневно сум истовремено на најмалку три места.“ Тие што ме знаат подобро, само ме прашаа кога почнувам.

Навистина, кога сте дел од добар тим, како да не важат законите на физиката. А јас ја имам среќата секогаш да бидам опкружен со извонредни луѓе, фантастично добри колешки и колеги, другарки и другари.

Фронтот го отвораме во период кога беснеат лагите и омразата, кога вредностите се заменети со подмолно подривање на темелите на државата и демократските процеси. За тесни интереси и бегство од правда се фрлаат во неврат судбините на луѓето и се уништуваат шансите за напредок и пристоен живот. Тоа не смееме да го дозволиме!

Ова е време кога сите ние сме пред избор, секој од нас, кој-а и да е, каде и да се наоѓа. Дали да се предаде битката за подобро и нормално, европско општество, да се затворат очите…? Или да се зачекори цврсто и решително напред? Мислам дека одговорот е очигледен.

Затоа…

Го отвораме Фронтот за одбрана на македонската иднина, за евроатлантските интеграции, за правда и демократија, за човекови права, еднаквост и слобода.

Ќе се обидеме заеднички да ги разбереме тешките одлуки во процесите за реформи и демократска трансформација на општеството. Да го изодиме тешкиот пат од клиентелистичко во општество во кое владеат европските и зелените вредности. Ова е Фронт против национализмот, омразата, радикализмот.

Убеден сум дека е можно да се постигнат овие цели и во комерцијалниот медиумски простор. Ќе дадеме сѐ од себе да бидеме пример за општествено одговорен медиум.

Сите одговорни и совесни граѓанки и граѓани можат да дадат придонес да го спречат назадувањето. Сечиј придонес е драгоцен, без оглед на тоа колку некој мисли дека е немоќен и неважен. Нема неважни луѓе. Со самото тоа што ова го читате, веќе сте во позиција да помогнете.

Заради сево ова и заради низа други причини што произлегуваат од моралните обврски кон нашето општество, решивме да го отвориме овој Фронт.

Frontline на англиски значи борбена линија, но означува и „најважна позиција (став) во една дебата или движење“… На нашиот, македонски јазик, ако го преведеме во нашиот контекст, тоа значи линија на фронтот или, едноставно Фронт. Нашиот Фронт. Сите сме на првата линија на Фронтот против лагите и деструкцијата.

Нашиот нов медиумски проект, што ќе го предводам најдобро што можам, ќе се обиде да го задржи вниманието на публиката на важните теми и настани во политиката и во општеството. Истовремено, ќе понуди и богатство од култура, уметност, забава, музика, филм, технологии, спорт…

Ова ќе биде наше заедничко место за информирање и забава. Ќе биде и патоказ кон места корисни за едукација и разонода. Ова е линија на фронтот каде што со насмевка ќе споделиме сѐ што ни е важно, сѐ што нѐ весели или нѐ лути.

Пишувајте! Споделете ги со нас вашите доживувања! Споделете инфо за вашиот омилен филм или книга, за концертот што сте го посетиле, настан во вашето место на живеење…

Се разбира, ова ќе биде место и за бизнисот и економијата. Ќе ги следиме најновите достигнувања или предизвици поврзани со парите, стандардот и инвестициите. Ќе бидеме простор и за тие што ги нарекуваме дијаспора, а тоа се, всушност, нашите блиски што заминале од земјава. Ќе им кажеме и покажеме до каде сме, како се развиваме, што можат да направат за нас, што решивме да останеме на ова парче македонска земја.

Сето тоа и многу повеќе! Ве повикувам, сите да се собереме на едно место, наше место, на првата линија на Фронтот. Да слушнеме, видиме, прочитаме и напишеме нови страници на едно поубаво секојдневие, заедно.

Џабир Дерала


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Електронските арени на пат да станат дел од олимписките спортски настани

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk