ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи со повеќе од 30 говорници

„Сметаме дека е важно да се вклучи целокупната јавност во реформите на изборниот систем. Упатуваме јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и другите политички партии да одговорат на поканата, макар и негативно“ – повикуваат од организацискиот тим на ЦИВИЛ.

September 20, 2019 15:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

До сега се потврдени близу 30 говорнички и говорници на Конференцијата за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, а бројот на пријави за присуство расте постојано, информираат од Тимот за комуникации на ЦИВИЛ. Конференцијата ќе ја отворат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Во името на Владата, со оглед на тоа дека истовремено ќе учествува на заседанието на ОН, со видео порака ќе се обрати премиерот Зоран Заев, додека во името на СДСМ како политичка партија ќе говори Дамјан Манчевски, инаку актуелен Министер за информатичко општество и администрација. Проф. д-р Рената Дескоска, Министерка за правда, ќе говори за реформските чекори во сферата на изборниот систем. Во името на повеќе политички партии, ќе говорат нивните лидери или високи претставнички и претставници, како што се Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса, ДОМ, НСДП, Либерална партија, ПЦЕР, ГДУ, Демократи и други. Меѓу парламентарните партии од кои нема ни позитивен ни негативен одговор за учество се ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

„Сметаме дека е важно да се вклучи целокупната јавност во реформите на изборниот систем. Упатуваме јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и другите политички партии да одговорат на поканата, макар и негативно“ – повикуваат од организацискиот тим на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница. Меѓу говорниците се и Александар Кржаловски, МЦМС, Дарко Алексов, МОСТ, д-р Владо Бучковски, д-р Неда Малеска Сачмароска и многу други. За одбележување е и интересот на неколку градоначалници да учествуваат на Конференцијата, како и луѓе од неформални и формални граѓански иницијативи.

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. Од ЦИВИЛ нагласуваат дека на конференцијата се поканети лидерите на политичките партии без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. „За нас нема големи или мали, за нас сите се подеднакво важни“, велат од ЦИВИЛ.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

Според Агендата, по отворањето и презентацијата, ќе говорат високите претставнички и претставници на политичките партии и на Владата, по што следи кратка пауза. Во продолжение на агендата се невладините организации, експертите, граѓанските иницијативи, а во последниот сегмент од агендата е обезбедено време и за дискусија од сите присутни учесници. Присуството е возможно преку пополнување апликација или врз основа на директна покана од ЦИВИЛ.

извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk