ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Пендаровски ги прими иноваторите на проектот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“

September 24, 2019 15:10
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими студентите од Машинскиот факултет – Скопје, коишто го создадоа проектот ГЕТ велосипед (Градски Еко Транспорт).

Со нивниот пронајдок „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“, неодамна учествуваа на меѓународната изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја, каде што освоија Златен медал доделен од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и со Диплома за најдобар пронајдок доделен од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

На средбата, студентите го запознаа Пендаровски со нивната идеја, преку реализацијата на овој проект на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градска средина, односно интелигентен градски транспортен систем на електрични велосипеди кои ќе може да се изнајмуваат и кои со вградените филтри ќе го прочистуваат воздухот од ПМ10 честици, притоа придонесувајќи и за намалување на градскиот метеж.

Пендаровски истакна дека ваквите идеи и проекти ја имаат неговата целосна поддршка, притоа изразувајќи задоволство што овојпат иновативноста и креативноста биле насочени кон еден од најгорливите глобални предизвици, подобрувањето на животната средина. Пендаровски, на средбата изрази увереност дека државата, но и компаниите и инвеститорите ги препознаваат ваквите добри проекти, и дека масовната употреба на ГЕТ велосипедот е многу реално очекување.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“, е развиен од студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со нивниот ментор, професорот Иле Мирчески, а со помош на компанијата „Венито Комерц“ и Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.

 На средбата присуствуваа и деканот на Машинскиот факултет – Скопје, Дарко Данев, и штотуку дипломираниот студент Ташули Талески, кој на Меѓународната студенска олимпијада за проектирање на технологии за 2019 година го освои првото место.

Next Post

Остануваат уште 7 држави да го ратификуваат Протоколот за полноправно членство во НАТО

Discussion about this post

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk