ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Се чека амин од Бундестагот за старт на преговорите

Герберих: Германија ќе гласа „за“ европска Северна Макеоднија

September 26, 2019 08:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија денеска го чека долгопосакуваниот „амин“ од Германскиот Бундестаг за старт на преговорите со Европската Унија.  Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи е веќе во Берлин и ќе присуствува на седницата на покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле. Османи вчера оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристијан Петри од втората по големина политичка групација – партијата СПД, со кого разговараа за поддршката за одлуката за старт на преговорите, а вицепремиерот по средбата истакна дека добил охрабрувачка порака од германскиот пратеник.

„Нова, охрабрувачка порака  ми пренесе господинот Петри, дека и од пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. На седницата на Бундестагот каде што се наоѓа нашата точка и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа „за“ на европскиот самит во октомври“, изјави Османи.

Инаку, владејачките германски партии ЦДУ и СПД завчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршка и од Зелените. Одлуката била донесена на состанок на коалициските партнери во германската Влада.

ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји, Северна Македонија и Албанија,  ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

Силен оптимизам за досегашните достигнувања искажа и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих на Конференцијата за изборни реформи: Перспективите на македонски избори организирана од Центарот за слобода ЦИВИЛ.

Тој ја нагласи потребата од заеднички заложби, да се наминат несогласувањата и рече дека е крајно време нашето општество да се обедини и тесно да соработуваат сите етникуми со цел да се надминат поделеностите.

„Германскиот парламент, Будестагот, ќе донесе одлука за гласањето за почеток на преговори за ЕУ членство на Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ во октомври. Јас сум секако оптимист дека одлуката ќе биде позитивна. А потоа сите ја чекаме одлуката на Советот на ЕУ, а јас останувам повеќе од оптимистичен дека ќе има јасна одлука за започнување разговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“, рече Герберих.

Германскиот амбасадор рече дека Северна Македонија со Преспанскиот договор направила голем пресврт со историски димензии и дека овој договор треба да биде пример во светот.

И премиерот Заев во интервју за Јавниот сервис изјави дека е оптимист, препораката за датум за пристапни преговори за нашата земја да пристигне во октомври и потенцираше дека Владата нема и не размислува за План Б, затоа што последните анкети покажале дека дури 83% од граѓаните покажале дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и НАТО.

Конечната одлука за почнување на претпристапните преговори со ЕУ  ќе ја донесе Советот на Унијата кон средината на октомври.

И.Т

Next Post

Во Скопје, вчера, 11 сообраќајни незгоди, шест повредени, 58 казнети возачи

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk